31 пожар на отворено се регистрирани до утрово до 07:30 часот соопшти Центарот за управување со кризи. Еден е активен, три пожари се под контрола, а 27 пожари се изгаснати.
Активен е пожарот во Општина Ѓорче Петров, во с. Грачани, при што пожарот моментално е активен на територијата на Р. Косово (шума).
ПРЕПОРАЧАНО
Под контрола се пожарите во Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација); Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно на Скопска Црна Гора (мешана шума); Општина Струга: помеѓу селата Буринец и Локов (нискостеблеста шума).
Изгаснати се 27 пожари.





















