| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Претседателот на Русија смета дека главмите страни во конфликтот треба да постигнат договор пред другите земји да придонесат во процесот
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Владимир Путин, Reuters

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека гледа дипломатско решение за завршување на војната во Украина.

Зборувајќи на Источниот економски форум во Владивосток, пристаништето на Тихоокеанскиот регион, Путин рече дека главните страни во конфликтот, Русија и Украина, треба да постигнат договор пред другите земји да придонесат во процесот.

„Благодарни сме на сите што се обидуваат да придонесат за решавање на ова прашање. Дали има шанса? Според мене, да, има“, рече тој.

„Всушност, на крајот на краиштата и пред сè, овој проблем треба да го решат земјите вклучени во конфликтот. Тоа се Русија и Украина. Ова е вистинскиот пристап“, додаде тој.

На прашањето за медијацијата на САД во прашањата поврзани со Украина, рускиот претседател рече дека контактите меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат, вклучително и преку разузнавачки канали.

„Во контакт сме со американската администрација и сè уште сме во контакт. Се надевам дека овие контакти ќе продолжат и дека на крајот ќе доведат до позитивен резултат“, рече тој.

Зборувајќи за односите меѓу Русија и САД, Путин рече дека нивното обновување зависи од двете страни, додавајќи дека верува оти претседателот Доналд Трамп е позитивно посветен на конструктивна работа.

„Колку што јас разбирам, чувствувам и гледам, претседателот Трамп е фокусиран на таква позитивна работа“, рече тој.

Путин истакна дека Русија има многу пријатели во САД, а еден од нив е американскиот актер и режисер Стивен Сигал, кој беше присутен во салата.

Путин го нарече пријател на Русија и најдобар амбасадор на мирот.

„Имаме многу пријатели во САД. Еден од нив е во оваа сала, г-дин Стивен Сигал“, рече Путин, по што следеше аплауз од публиката.

Путин, исто така, ги критикуваше нападите и заканите врз цивилни бродови и авиони, велејќи дека ваквите активности ги попречуваат перспективите за билатерални мировни преговори.

Тој го опиша запленувањето на цивилни бродови, нападите врз трговски бродови и заканите врз цивилни авиони како државен тероризам.

„Дали сте забележале запленувања на цивилни бродови, напади врз цивилни трговски бродови, а згора на тоа, сега слушнавме и закани за напад врз цивилни авиони. Ова, секако, е манифестација на државен тероризам. И ова секако ја комплицира можноста за одржување билатерални мировни преговори“, рече тој.

Путин, исто така, рече дека западните сојузници на Украина кои не реагираат на ваквите дејствија стануваат соучесници во меѓународниот тероризам.

Тој, исто така, рече дека Москва брзо развива системи за воздушна одбрана, наведувајќи дека сите напади врз рафинериите за нафта во Русија биле одбиени пред два дена.

Рускиот претседател повторно ги отфрли извештаите за мобилизација во Русија, велејќи дека тие се шират со цел да се нарушат изборите за Државната дума.

„Денес, нема сценарио што би барало мобилизација“, рече тој.

Путин, исто така, рече дека руските бизнисмени неодамна уплатиле стотици милијарди рубли во рускиот буџет во форма на доброволни донации, што за него беше апсолутно изненадување.

Повеќе
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
Тревога во Германија: Трет сомнителен напад врз електричната мрежа за само седум дена
Владата на Мелони најдолго на власт во историјата на Италија
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија