| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Аун: Во израелските напади се убиени над 3.000 луѓе, нема друга опција освен преговори
„Должност на државата е да се грижи за своите граѓани, а не да стои со скрстени раце. Нема друга опција освен преговори“, додаде тој
Аун: Во израелските напади се убиени над 3.000 луѓе, нема друга опција освен преговори
Аун: Во израелските напади се убиени над 3.000 луѓе, нема друга опција освен преговори

Во тековната израелска офанзива врз Либан убиени се над 3.000 луѓе, а раселени се повеќе од еден милион, изјави денес либанскиот претседател, нагласувајќи дека „нема друга опција освен преговори“ со Израел, јавува Анадолу.

„Во Либан животот го загубија повеќе од 3.000 луѓе, над еден милион се раселени, а илјадници домови се уништени, додека на оваа криза сè уште не ѝ се гледа крај“, изјави Жозеф Аун на средбата со делегацијата претставници на синдикатите, се наведува во соопштението на Претседателството.

„Должност на државата е да се грижи за своите граѓани, а не да стои со скрстени раце. Нема друга опција освен преговори“, додаде тој.

Аун рече дека неговата администрација е посветена на зачувувањето на граѓанскиот мир и внатрешната стабилност во Либан и на „спречувањето на раздорот што би можел да го загрози опстанокот на земјата бидејќи секој што поттикнува таков раздор им служи на интересите на Израел“.

„Силата не е во водењето војна, туку во тоа да се има храброст да се прекине војната преку преговори кои се во интерес на земјата“, додаде тој.

Тој ги даде овие изјави еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел и Хезболах се согласиле да ги прекинат меѓусебните напади по контактите остварени преку посредници.

Трамп изјави дека преку посредници остварил контакти со двете страни и добил уверување дека „сите борбени дејства ќе престанат“.

Сепак, израелската армија и денес ги продолжи своите напади врз Либан и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 17 април, а кој подоцна беше продолжен за 45 дена по индиректните преговори со посредување на САД.

Според либанското Министерство за здравство, повеќе од 3.400 луѓе загинале во нападите од 2 март наваму.

Повеќе
Законот за распуштање помина прво читање во израелскиот парламент
Фидан пречекан од Вонг премиерот на Сингапур
Трамп се согласи на пониски царини за производи од челик, алуминиум и бакар
Ердоган: Туркије се спротивставува на обидите за преобликување на регионот преку конфликт
Трамп: Израел и Хезболах се договорија да не се напаѓаат меѓусебно
Фидан и Арагчи разговараа за тековните преговори меѓу Иран и САД
Флорида е прва сојузна американска држава со тужба против штетното влијание на ЧатГПТ
ЕУ го повика Израел да ја запре воената ескалација во Либан и да го почитува суверенитетот
Пауел: Притисокот врз ФЕД од Трамп ја урива довербата во институцијата
Курти: Односите со САД не се одлични, но се многу добри
Калас вети: ЕУ ќе ги зајакне односите со Пакистан
Трамп и Aл Шара телефонски разговарале за санкциите на САД и обновата на Сирија
Маѓар се закани дека ќе го смени Уставот за да го отстрани претседателот Шулјок од функцијата
Иран вели дека нападите на Израел во Либан го одложуваат договорот со САД
Пезешкијан: Не сум поднел оставка, додека дишам ќе продолжам да работам за мојата земја
Сепаратизам во Алберта: Може ли Канада да се соочи со распад?
Растечката зависност на Русија од Кина го става на тест „рамноправното партнерство“
Oбвиненијата на МКС за апартхејд против израелскиот министер Смотрич би биле историски
Повеќе трошење, помалку придонес: Дали Грција станува јужен товар на НАТО?
Дебатата во Германија за воената обврска открива длабок генерациски јаз