| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Маѓар се закани дека ќе го смени Уставот за да го отстрани претседателот Шулјок од функцијата
Му кажав на претседателот дека доколку го задржи својот став и не поднесе оставка, ќе ги информирам пратениците за нашите законски предлози и веднаш ќе ги започнеме потребните процедури, изјави унгарскиот премиер по средбата со Шулјок
Маѓар се закани дека ќе го смени Уставот за да го отстрани претседателот Шулјок од функцијата
Маѓар изјави дека ќе го искористи двотретинското парламентарно мнозинство на неговата партија за да го измени уставот и другото законодавство / Reuters

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави во понеделник, по средбата со претседателот Тамаш Шулјок, дека ако претседателот не поднесе оставка, владата ќе покрене правни постапки за негово отстранување од функцијата.

Унгарската централнодесничарска партија Тиса по убедливата победа на изборите во април и падот на Владата на Виктор Орбан вети дека ќе отстрани неколку личности назначени од Орбан на клучни јавни позиции во последните 16 години.

Маѓар го повика Шулјок - избран на почетокот на 2024 година од пратениците од партијата Фидес на Орбан - да се повлече, обвинувајќи го дека не успеал да го претставува националното единство по главните прашања и дека им служи на интересите на Орбан и неговата влада.

Шулјок одби да поднесе оставка.

„Му кажав на претседателот дека доколку го задржи својот став и не поднесе оставка, денес ќе ги информирам ... пратениците од Тиса за нашите законски предлози и веднаш ќе ги започнеме потребните процедури“, рече Маѓар.

Тој рече дека законодавниот процес ќе трае околу еден месец и ќе вклучува „отстранување на сите марионети“ кои учествуваа во „демонтирањето на владеењето на правото и демократијата“.

Незаконски ултиматум

Партијата Фидес на Орбан ја обвини Маѓар за издавање „незаконски ултиматум“ и рече дека Шулјок го исполнува својот законски мандат, кој трае до 2029 година и не може да биде отстранет од функцијата.

Шулјок претходно беше претседател на највисокиот суд на Унгарија, функција на која беше избран и од Фидес во 2016 година.

Претседателската функција во Унгарија е во голема мера церемонијална, но Шулјок може да врати закони во парламентот за повторно разгледување или да ги проследи законите до Уставниот суд, што потенцијално ќе ја забави или блокира реформската агенда на Маѓар.

Маѓар изјави дека ќе го искористи двотретинското парламентарно мнозинство на неговата партија за да го измени уставот и другото законодавство за да го принуди Шулјок да се повлече од функцијата.

Повеќе
Иран вели дека нападите на Израел во Либан го одложуваат договорот со САД
Трамп: Иран сака договор со САД
Нетанјаху нареди напади на бејрутскиот округ Дахије
Пезешкијан: Не сум поднел оставка, додека дишам ќе продолжам да работам за мојата земја
Седумина повредени во ирански напад на американската воздухопловна база во Кувајт
САД нападнаа ирански позиции во Горук и островот Кешм
Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни
Косово бара поддршка од Албанија за членство во НАТО
Туркије повикува на воздржаност по нападот со дрон врз брод во турска сопственост во Црното Море
Кениецот Сабастијан Саве: Ерата на суперпатики и науката за модерното маратонско трчање
Сепаратизам во Алберта: Може ли Канада да се соочи со распад?
Растечката зависност на Русија од Кина го става на тест „рамноправното партнерство“
Oбвиненијата на МКС за апартхејд против израелскиот министер Смотрич би биле историски
Дебатата во Германија за воената обврска открива длабок генерациски јаз
Без тела, без збогувања: Исчезнатите од Газа оставаат зад себе бескрајна тага