| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Јаневска на Европска ноќ на истражувачите: Нема просперитет на државата без развој на науката
Ако во 2024 година затекнавме буџет од 380 милиони денари за наука, минатата обезбедивме 680 милиони денари, а оваа имаме 773 милиони денари за поддршка на научно истражувачките установи, академската и научната заедница, рече министерката
Јаневска на Европска ноќ на истражувачите: Нема просперитет на државата без развој на науката
Остануваме посветени на оваа агенда и верувам дека научно- истражувачката дејност ќе ќе се популаризира помеѓу младите, додаде Јаневска

Повеќе од 200 настани во неколку дена ќе опфати „Европската ноќ на истражувачите“ - проект финансиран од Европската Унија преку акциите „Марија Склодовска-Кири“ од програмата Хоризонт Европа, информираше денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Земјава оваа година се приклучи кон одбележување на Европската ноќ на истражувачите, а целта на иницијативата е подигнување на свеста за важноста на науката, која претставува еден од столбовите на севкупниот развој на општеството и на светот во целина.

Иницијативата ја поттикнаа три државни универзитети „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Гоце Делчев“ Штип, „Св. Климент Охридски“ Битола, како и Македонската академија на науките и уметностите, Македонско еколошко друштво и Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење, а поддржана е од Министерството за образование и наука и Стопанската комора.

На настан на Машинскиот факултет во Скопје, кој е дел од програмата за одбележување на Европската ноќ на истражувачите, министерката за образование и наука Јаневска изрази задоволство што земјата дава придонес кон глобалната промоција на научно - истражувачката дејност, истакнувајќи дека за Владата вложувањата во оваа област се висок приоритет во работната програма.

„Ако во 2024 година затекнавме буџет од 380 милиони денари за наука, минатата обезбедивме 680 милиони денари, а оваа имаме 773 милиони денари за поддршка на научно истражувачките установи, академската и научната заедница во нашата држава. Ќе потсетам дека лани финансиравме 50-тина научно истражувачки проекти на универзитетите, на МАНУ и бизнис заедницата кои се во согласност со целите на Стратегијата за паметна специјализација на државата, а обезбедивме и бесплатен пристап до научните бази на Веб оф саенс (Web of science) и Скупус (Scoopus). Имаме првичен концепт за отворање на државен научно- технолошки парк. Изработивме и нови законски решенија за високо образование и научно- истражувачка дејност кои се надевам дека ќе го поминат собранискиот филтер набргу“, рече Јаневска.

Таа нагласи и дека во изминатиот период министерството се позанимавало со одредени, таканаречени приватни научни институти, кои всушност не делувале во научни области, а се воделе како такви во официјалните регистри, за да им се даде простор на оние што навистина веруваат во моќта на науката.

„Остануваме посветени на оваа агенда и верувам дека научно- истражувачката дејност ќе се развива, ќе се популаризира помеѓу младите и ќе остане столб на националниот просперитет“, додаде Јаневска.

Настанот на Машинскиот факултет во Скопје предвидува да се одржат повеќе работилници, лабораториски посети, презентации, изложби на студентски и научноистражувачки проекти, како и други интерактивни активности.

Повеќе
Си Џинпинг во Вашингтон повика на доверба, континуиран дијалог и здрава конкуренција
Трамп: Одлуките на САД и Кина за безбедноста, технологијата и ВИ можат да донесат децениски мир
Рубио: Техеран греши ако ги чека резултатите од среднорочните избори во САД
Иран: Евентуална нова војна со САД би можела да се прошири на Индискиот Океан
ЦИА ја предупредува Европа за можни руски напади со дронови
Туркије ги осуди изјавите на израелскиот министер за одбрана упатени кон претседателот Ердоган
Дрон падна во Романија, го следеле и Ф-16 борбени авиони
Израелските сили привеле повеќе од 150 Палестинци за време на рации на окупираниот Западен Брег
Говорот на претседателот Ердоган во ОН објавен како книга на три јазици
Венецуелската претседателка вети избори во транзицијата кон целосна демократија
Санчез повика на реформа на Советот за безбедност на ОН и го осуди геноцидот во Газа
Карни: Воената акција на САД против Канада е малку веројатно, но сериозно сценарио
Американската администрација подготвува 90 дневна забрана за извоз на дизел
Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
Бесент: САД и Кина се договорија да го продолжат трговското примирје