| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
Остваривме средба со Каја Калас, на која беа разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен, безбеден и просперитетен регион, рече премиерот
Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
Мицкоски, кој учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк, имаше средби и со хрватскиот премиер Пленковиќ, како и со премиерот на Косово, Курти

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан, во Њујорк имале средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас. 

„Остваривме средба со Каја Калас, на која беа разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен, безбеден и просперитетен регион“, објави премиерот Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк, претходно учествуваше на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, а имаше средби и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со премиерот на Косово, Албин Курти.

Мицкоски учествуваше и на панел-дискусијата на високо ниво „Повторно потврдување на ветувањето за мир: користење на моќта што ја имаме“, чиј домаќин во Њујорк беше претседателот на Финска, Александар Стуб, на која се разговараше за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици биле темите на кои се разговарало на 

Мицкоски воедно оствари и средба и разговор со претседателот Стуб, на која е истакнато значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа.

„Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција“, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Повеќе
Санчез повика на реформа на Советот за безбедност на ОН и го осуди геноцидот во Газа
Карни: Воената акција на САД против Канада е малку веројатно, но сериозно сценарио
Американската администрација подготвува 90 дневна забрана за извоз на дизел
Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
Бесент: САД и Кина се договорија да го продолжат трговското примирје
Милатовиќ: Да се врати довербата во институциите што ги штитат мирот
Ердоган повика на интеграција на муслиманите, отфрлајќи ја асимилацијата
Трамп го пречека Кси со највисоки државни почести
Федерален суд и наложи на Белата куќа да го врати пристапот на отстранетите медиуми
Лавров: Русија е подготвена за преговори за одржлив и траен мир во Украина
Зеленски повикува на преговори и притисок за постигнување мир со Русија
Ердоган: Стратешката соработка меѓу Туркије и САД се проширува во сите области
Ердоган: Туркије ја поддржува нормализацијата на трговските и транспортните врски со Ерменија
Првата дама на Туркије укажува на еколошката криза и важноста од воспоставување нови системи
Украина и сојузниците ја повикуваат Русија да прифати итен и безусловен прекин на огнот