| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Македонското минерално богатство со долгорочна развојна рамка до 2046 година
Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на земјава во европските индустриски синџири.
Македонското минерално богатство со долгорочна развојна рамка до 2046 година
Македонското минерално богатство со долгорочна развојна рамка до 2046 година / َAA

Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Преку долгорочен план, наведува Министерството, ќе создадат услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.

„Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, во кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник. Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии. Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети“, посочува Министерството, додавајќи дека паралелно се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. 

Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на земјава во европските индустриски синџири.

Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност.

Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година.

„Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина“, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Суданската армија спречи напад со дрон лансиран од Етиопија
Значителен прекин на летовите кон Саудиска Арабија по нападите на Хутите
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Неџад еф. Грабус избран за нов реисул-улема на Исламската заедница во БиХ
Трамп: Русија ќе испорача 300.000 тони дизел на американскиот и глобалниот пазар
Гутереш ги осуди санкциите на САД против МКС
Далија Кајед го преживеала геноцидот - сега ја раскажува својата приказна преку фотографии и вез
Меѓународниот кривичен суд остро ги отфрла американските санкции
„Пак би го избрал истото“: Шеесетгодишниот пат на еден турски книговезец
САД воведоа санкции врз Меѓународниот кривичен суд и се заканија дека ќе го укинат
ЕУ и Кина на крстопат: Планот за построг пристап до европскиот пазар закана за нова трговска војна
Палестинските деца излегуваат од израелските затвори, но затворот не ги напушта нив
Од кројач и механичар до самоук изработувач на музички инструменти
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè