| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Македонското Министерство за внатрешни работи информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.
Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар / TRT Balkan

Од утре, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Македонското Министерство за внатрешни работи информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.  

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од Министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Освен што е воведен во Скопје и од утре во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, системот „Безбеден град“ воведен е и во градовите Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Палестинските деца излегуваат од израелските затвори, но затворот не ги напушта нив
Од кројач и механичар до самоук изработувач на музички инструменти
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка
ОН: Речиси 50.000 жени и девојчиња се убиени или тешко повредени во Газа од октомври 2023 година
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Турскиот борбен дрон Акинчи ја погоди целта при првиот тест со домашен систем за наведување
ТРСК ја критикува ЕУ за одржување на неправедниот статус кво за изолацијата на кипарските Турци
Три лица загинале во нападите врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Иран и САД размениле нови предлози за преговори, му рекол Пезешкијан на Путин во Туркменистан