| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Според министерот Андоновски, ова членство значи поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при справување со сајбер закани.
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST / Other

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, информираше македонскиот министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори на FIRST, со што се потврдува напредокот на Северна Македонија во областа на сајбер безбедноста и нејзината посветеност кон градење посилен, професионален и европски систем за сајбер отпорност.

„Особено е важно дека овој чекор се прави со домашни човечки и инфраструктурни ресурси од Министерството за дигитална трансформација и Секторот за сајбер безбедност, со стручна и техничка поддршка од нашите пријатели од САД и ЕУ. За Македонија ова е важен чекор во градењето посилен, професионален и европски систем за сајбер отпорност“, напиша министерот Андоновски во објава на социјалните мрежи.

Според Андоновски, ова членство значи поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при справување со сајбер закани.

„Со ова, завршуваме уште еден чекор од Реформската агенда со рок 30 јуни 2026 година и отклучуваме нови средства од Планот за раст“, додаде Андоновски.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со инвестирање во капацитетите на службите за одговор на сајбер инциденти, во заштитата на владините институции и во испораката на безбедни дигитални услуги за граѓаните и компаниите.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години
Мицкоски ги повика турските бизнисмени да инвестираат во земјава
Се намалуваат силите на НАТО во Косово по подобрување на безбедноста
Новинар убиен во вооружен напад во Мексико
Гаши: Една од најважните задачи ми е да го подигнеме достоинството на Собранието и на институцијата
Уште 30 години затвор за поранешниот јужнокорејски претседател Јун
Нетанјаху побарал од Трамп поостри услови за крај на војната со Иран
САД собори ирански дронови кои напаѓале комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец