| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 мин читање
Турчинки во носии стари 600 години ги оживеаја заборавените женски коњски трки
Здружението на жени „Халиме Чавуш“ презеде иницијатива за повторно оживување на женските коњски трки што со години се одржувале во градот Кастамону, но со текот на времето биле заборавени
Турчинки во носии стари 600 години ги оживеаја заборавените женски коњски трки
Во нашата култура коњот е симбол на придружба на патот, храброст и слобода, вели Шуле Озбај

Во турскиот град Кастамону жените се натпреваруваа облечени во традиционални носии стари стотици години, со цел да ја зачуваат традицијата на коњските трки што полека паѓа во заборав.

Здружението на жени „Халиме Чавуш“ презеде иницијатива за повторно оживување на женските коњски трки, кои со години се одржувале во градот, но со текот на времето биле заборавени.

По иницијатива на здружението, жените во округот Дадај, облечени во традиционални носии карактеристични за Кастамону, стари 600 години, најпрво одржаа настап со турски знамиња на ранчот за коњи „Емирбеј“, а потоа се натпреваруваа во симболична трка организирана на селски пат.

Претседателката на Здружението на жени „Халиме Чавуш“, Шуле Озбај, за Анадолу изјави дека здружението го основале пред околу четири години.

Наведувајќи дека особено им се посветени на социјалните и културните проекти, Озбај рече: „Во нашата култура коњот е симбол на придружба на патот, храброст и слобода.“

Раскажувајќи дека жените во минатото предводеле коњички поворки на свадбите во Кастамону, Озбај истакна:

„И нашите жени отсекогаш биле дел од оваа култура, јавале коњи и предводеле коњички поворки на свадбите во Кастамону. Како Здружение на жени ‘Халиме Чавуш’, денес повторно ја оживуваме оваа убава традиција преку симболична коњска трка меѓу жени, облечени во нашите традиционални носии што се користат со векови. Цел ни е спомените на нашите постари да ги пренесеме на идните генерации.“

Осврнувајќи се на важноста од зачувувањето на традициите, Озбај рече: „Тоа беше симболична коњска трка, но победници беа нашата култура и женската солидарност. Сметаме дека традициите се пренесуваат во иднината сè додека се негуваат.“

Нагласувајќи дека сакаат коњските трки за жени да им ги пренесат на идните генерации, Озбај посочи:

„Наша цел е коњските трки за жени да им ги пренесеме на идните генерации бидејќи станува збор за натпреварување што е пред заборав. Се надеваме дека во наредните години, особено на посебни денови и национални празници, ќе организираме коњски трки меѓу жени и на тој начин ќе им ја пренесеме нашата култура на идните генерации.“

Победничката на трката, Нихал Ѓул, изјави дека со јавање коњи се занимава околу 20 години.

Наведувајќи дека Дадај е округ познат по коњите, Ѓул рече: „Тука постојано организираме активности поврзани со коњи. Понекогаш организираме сафари, а понекогаш, како денес, мали трки. Наедно, сакаме да го направиме познат и нашиот прекрасен округ.“

Истакнувајќи дека повторно оживеале традиција што трае со векови, Ѓул рече:

„Всушност, Дадај е рај за коњите. Во минатото, Турчинките учествувале на трките облечени во носии од Аздавај. Денес организиравме убава трка за да се потсетиме на тие времиња и повторно да ја оживееме традицијата. Им честитам на сите мои пријателки. Сите беа многу успешни. Трката беше прекрасна.“

Елиф Ѓунеш Чошкунјел, која учествуваше на трката, истакна дека е најмлада учесничка во групата и рече: „За мене беше многу важно да галопирам заедно со повозрасните пријателки и да бидам меѓу коњите.“

Наведувајќи дека смета оти ниеден спорт нема полова припадност, Чошкунјел рече: „Според мене, коњичкиот спорт повеќе им прилега на жените. И во османлискиот период жените се занимавале со јавање коњи. Денес овде повторно ја оживеавме коњичката традиција на жените од минатото.“

Извор: АА


Повеќе
Емине Ердоган повикува на посилна соработка во однос на жените и семејствата низ туркискиот свет
Трамп не планира да го поддржи тврдењето на Болсонаро дека е лидер на Бразил
Ердоган: Нема трајно решение за Кипар без заштита на правата на кипарските Турци
Брнабиќ: Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
Лапид вели дека Нетанјаху „нема начин“ да формира влада по изборите во Израел
Од 1 мај директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват
Дневни блиц вести 30.10.2026
Катарските посредници повторно во Техеран за обнова на преговорите САД-Иран
Претседателот Ердоган ја истакна солидарноста меѓу турските држави
Литванија планира да воведе задолжителен воен рок за сите во 2032 година
Џ.Д. Венс тврди дека Трамп нема да дозволи „вечна“ војна во Иран
Стапи на сила јапонскиот закон за воспоставување алтернативен главен град како резерва за Токио
Лавров присуствува на состанокот на Г20 во Атланта, САД
Турската амбасада во Скопје организираше прием по повод 103-годишнината на Република Туркије
Ердоган: Туркискиот свет ќе се стреми да го направи претстојниот период „Туркиски век“