| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Туркије и Ирак ја потврдуваат посветеноста кон целта за трговска размена од 30 милијарди долари
Министрите за трговија на двете земји разговараа за проектот Пазвојниот пат, транзитната трговија, хармонизацијата на царините и меѓусебните инвестиции за време на состанокот во Анкара
Туркије и Ирак ја потврдуваат посветеноста кон целта за трговска размена од 30 милијарди долари
Турскиот министер за трговија, Омер Болат, се сретна со ирачкиот колега, Мустафа Низар Џума, во Анкара, како дел од посетата на премиерот Али ал-Заиди

Туркије и Ирак ја потврдија својата посветеност за продлабочување на трговските и економските односи и постигнување на целта за среднорочен обем на трговија од 30 милијарди долари.

Турскиот министер за трговија, Омер Болат, се сретна со својот ирачки колега, Мустафа Низар Џума, во Анкара во вторник, како дел од посетата на премиерот Али ал-Заиди на Туркије.

Болат на турската платформа за социјални медиуми НСосијал (NSosyal) изјави дека двајцата министри разговарале за конкретни чекори потребни за постигнување на трговската цел, проширување на постојните области на соработка и поттикнување на меѓусебните инвестиции.

Разговорите се фокусирале и на стратешката важност на проектот Развојниот пат, бидејќи алтернативните меѓународни трговски патишта добиваат на важност.

Тие ги оценија напорите за развој на нови заеднички проекти, олеснување на транзитната трговија, хармонизирање на царинските процедури и зајакнување на соработката меѓу царинските власти на двете земји.

Болат рече дека Туркије и Ирак ќе утврдат нова мапа на патот за време на третиот состанок на Заедничкиот економски и трговски комитет Туркије-Ирак, или ЈETЦO, закажан во Туркије во последниот квартал од 2026 година.

Болат претходно изјави дека брзата интеграција на граничниот премин Ибрахим Калил во царинскиот систем AСИЦУДA, имплементиран од ирачката влада, ќе даде важен придонес за постигнување на обемот на трговска размена од 30 милијарди долари.

Тој додаде дека проектот Развојнииот пат ќе ги забрза инвестициите и активностите за склучување договори меѓу Туркије и Ирак, вклучително и со воспоставување нови логистички центри и градови.

Во посебна изјава, министерот за транспорт и инфраструктура на Туркије, Абдулкадир Уралоглу, рече дека се сретнале со Вахаб ал-Хасани, министерот за транспорт на Ирак. Ал-Хасани е дел од делегацијата на ирачкиот премиер Али ал-Заиди, кој е во посета на Туркије на покана на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Врз основа на длабоко вкоренетото пријателство и стратешко партнерство меѓу Туркије и Ирак, нашата соработка, особено во транспортот, што ќе придонесе за нашите заеднички цели, ќе даде значаен придонес за развојот на двете земји и за нашата регионална стабилност“, додаде Уралоглу.

Повеќе
Медиумски форум на ШОС се состанува во Киргистан под претседателство на земјата
Новообјавените аудио снимки на Бајден ги истакнуваат проблемите со меморијата
Израелската армија изврши рација во радио станицата Куран во окупираниот Западен Брег и ја затвори
Два земјотреса ја погодија покраината Ќингхај во западна Кина
РСФ ја менува тактиката по напредувањето на суданската армија
Трамп: Разговорите со Иран се добри, постои шанса за договор
Зеленски пристигна во САД на средба со Трамп
Израел уби уште тројца Палестинци во Газа, бројот на убеини се искачи на близу 73.350
Вучиќ вели дека нема да ја напушти земјата ако владејачката партија ги изгуби изборите
Салам се сретна со комесарот за човекови права на ОН и поддржа собирање докази за воени злосторства
Иран пак ја предупреди Софија за распоредувањето на американски воени авиони во Бугарија
ЕУ распоредува авиони и пожарникари за борба против пожарите во Франција и Шпанија
Дизелот од утре поскап за 4,5 денари, се зголемуваат цените и на бензините
Во приватна тужба за проневера се бара 13 години затвор за сопругата на шпанскиот премиер Санчез
Иран порача дека нема да дозволи САД да го одредат времето на војна и мир