Колкава е штетата од пожарите на отворено?
РЕГИОН
2 мин читање
Колкава е штетата од пожарите на отворено?Штетите од пожарите изнесуваат околу 10 милиони евра и тоа е петпати помалку во споредба со 2025 година, проценуваат од „Национални шуми“
Колкава е штетата од пожарите на отворено? / TRT Balkan

Во текот на првите девет месеци од 2026 година на македонската територија регистрирани се 165 пожари кои зафатиле околу десеттина илјади хектари разновидна шума. Штетите од пожарите изнесуваат околу 10 милиони евра и тоа е петпати помалку во споредба со 2025 година, проценуваат од „Национални шуми“. Иако бројот е сличен како лани, штетите се значително помали.

Според достапните податоци од „Национални шуми“, во 2025 година штетите од пожарите изнесувале околу 50 милиони евра, а 2024 штетите изнесувале околу 83 милиони евра.

Заменик генералниот директор на претпријатието „Национални шуми“, Кире Михаилов, во изјава за телевизија „Сител“ појаснува дека овие суми не се однесуваат само на вредноста на изгорената дрвна маса, туку во пресметката влегуваат и трошоците за гасење, санација и пошумување, како и загубените функции на шумата.

Побрзата реакција и подобрата организација годинава овозможиле пожарите да бидат навреме откриени и локализирани со што се намалиле и зафатените површини. Од „Национални шуми“ како фактор го посочуваат и поголемиот ангажман на надлежните институции.

„Доброволните противпожарни друштва ни дадоа огромен инпут оваа година , значи помогнаа во огромна мерка. Трите авиони на ДЗС и полицискиот и армискиот хеликоптер во текот на целата сезона беа постојано активни“, вели Михаилов во изјавата.

Човечкиот фактор во речиси 90% од случаите е главната причина

Во делот на причините поради кои настануваат шумските пожари, и понатаму нема значителни промени. Човечкиот фактор во речиси 90 проценти од случаите е главната причина, без разлика дали станува збор за невнимание или намерно подметнување.



ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Помина првото гласање за измена на законот за Специјализираниот суд за Косово
АСЕЛСАН ќе развива хибриден систем за противвоздушна одбрана вреден 2.75 милијарди долари
Во Анталија, Туркије, започнува најголемиот светски годишен собир посветен на вселената
Избори во БиХ: Претседателството ќе го водат Беќировиќ, Филиповиќ и Цвијановиќ
21 земја ја усвоија Анталиската декларација за мирно користење на вселената
Јемен: Над 1.700 припадници на Хутите неутрализирани во воени операции
Еден Сириец убиен во израелски воен упад во јужна Сирија
Синот на Болсонаро води по првиот круг на претседателските избори во Бразил
Иран ќе ја ескалира војната ако САД изврши копнена инвазија
Вучиќ: Србија ќе продолжи со самостојна политика и патот кон Европа, без санкции кон Русија
Ердоган: Туркије спроведува целосна револуција во одбранбената индустрија
Дер Лaјен ѝ порача на Сиљановска Давкова: Спорот со Софија може да се надмине со средби и дијалог
Чичкото со големи мустаќи ја одржува жива анадолската култура и традиција на Јуруците
Г7 ќе ослободи 100 милиони барели од резервите на нафта за вонредни ситуации во следните 4 месеци
Можат ли Трамп и Кси да го претворат трговското примирје во траен економски мир?