| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Туркије и Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка во областа на социјалните услуги
Меморандумот претставува основа за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења, искуства и добри практики во повеќе области од значење за унапредувањето на социјалната заштита и благосостојбата на граѓаните
Туркије и Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка во областа на социјалните услуги
Туркије и Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка во областа на социјалните услуги / TRT Balkan

Министерството за семејство и социјални услуги на Република Туркије и Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги.

Документот го потпишаа министерката за семејство и социјални услуги на Република Туркије, Махинур Оздемир Ѓокташ и министерот за социјална политика, демографија и млади, на Република Северна Македонија, Ѓоко Велковски.

„Меморандумот претставува основа за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења, искуства и добри практики во повеќе области од значење за унапредувањето на социјалната заштита и благосостојбата на граѓаните“, изјави министерот Велковски, стои во соопштението на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Се додава дека „соработката опфаќа области поврзани со јакнењето на семејството, развојот и унапредувањето на социјалните услуги за семејствата, жените, децата, лицата со попреченост и постарите лица, како и подобрување на социјалната интеграција на лицата со зависности.“

Турската министерка за семејство и социјални услуѓи Махинур Оздемир Ѓокташ во рамките на нејзината посета на земјава учествуваше и на отворањето на Балканската средба на жените на Светскиот турски бизнис совет (ДТИК), каде имаше свое обраќање, а потоа учествуваше и на специјалната сесија насловена „Моќта на жената, иднината на претприемништвото“.

По конференцијата, таа оствари средба со турските пратеници во Собранието на РСМ, а потоа во Собранието се состана и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Обвинителството отвори истрага против осигурително друштво за перење на над 2,2 милиони евра
Американските преговарачи Виткоф и Кушнер пристигнуваат во Москва и Киев
Кос ја откажа посетата на Србија поради глорификација на Младиќ
Бројот на жртви од потонатиот ферибот кај ТРСК се искачи на 12
АСЕЛСАН успешно го тестираше системот за наведување ЛГК-84
ОН: Израелското зацврстување на анексијата на Западниот Брег е спротивна на меѓународното право
Украина соопшти дека во руските напади загинало едно, а повредени се пет лица во Одеса
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
Тревога во Германија: Трет сомнителен напад врз електричната мрежа за само седум дена
Владата на Мелони најдолго на власт во историјата на Италија
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска