| Macedonian
ПОЛИТИКА
4 мин читање
Анкети: Демократите во водство во сите 7 клучни трки за Сенатот пред изборите во вторник
Последните анкети на Њујорк тајмс и Сиена покажуваат дека демократите водат во најмалку пет неизвесни трки за Сенатот- вклучително и предност од над 10 процентни поени во Мичиген
Анкети: Демократите во водство во сите 7 клучни трки за Сенатот пред изборите во вторник
Американците кои гласаат на овие избори ќе одлучат кој ќе има контрола врз Конгресот во последните две години од претседателскиот мандат на Трамп

Среднорочните избори во САД во 2026 година се одржуваат утре. И, ако последните предвидувања од анкети се покажат точни, демократите би можеле да обезбедат пет клучни места во Сенатот - вклучувајќи ги држвите кои се традиционално републикански Тексас и Канзас - додека остануваат во суштина изедначени во две други.

Републиканците моментално имаат мнозинство од 53-47 во Сенатот. На овие избори се бираат само една третина од 100-те сенаторски места. На демократите би им требало нето добивка од четири места за да обезбедат контрола (51 место), бидејќи потпретседателот Џ.Д. Венс би го прекинал нерешениот резултат од 50-50 во корист на неговата Републиканска партија.

Анкетите во голема мера ги фаворизираат демократите, проектирајќи дека тие ќе го вратат мнозинството во Претставничкиот дом и сериозно ќе ги предизвикаат републиканците за контрола на Сенатот.

На последните 20 среднорочни избори во САД, партијата на претседателот добила места во Претставничкиот дом само двапати. Сегашните анкети покажуваат дека 2026 година веројатно нема да биде исклучок.

Според последната анкета на Њујорк тајмс/Сиена, демократите водат во најмалку пет трки во Сенатот пред изборите во вторник, вклучувајќи двоцифрена предност во Мичиген, и покрај тоа што демократската конгресменка Хејли Стивенс го поддржа републиканскиот кандидат Мајк Роџерс наспроти левоориентираниот прогресивен кандидат Абдул Ел-Сајед, што демократите го нарекуваат изненадувачко „предавство“.

Високопрофилните анкети на веројатни гласачи во седум клучни држави, спроведени помеѓу 23 октомври и 1 ноември, покажаа дека демократите водат во пет и во суштина се изедначени во две. Сепак, многу трки остануваат во рамките на маргината на грешка.

Во Мичиген, демократот Абдул Ел-Сајед води пред републиканскиот кандидат за Сенат Мајк Роџерс со 53 наспроти 42 проценти. Демократот Џејмс Таларико има 50 проценти наспроти 43 проценти на републиканецот Кен Пакстон во државата Тексас. Слично на тоа, во државата Мејн, демократот Трој Џексон регистрира 51 процент во споредба со 45 проценти на републиканецот Сузан Колинс.

Во државата Охајо, анкетите покажуваат дека демократот Шерод Браун има 49 проценти, наспроти 44 проценти на републиканецот Џон Хастед.

Во државата Канзас, демократскиот кандидат Адам Хамилтон води пред републиканецот Роџер Маршал со 49 наспроти 44 проценти.

Во сојузната држава Алјаска, Мери Пелтола од Демократската партија има поддршка од 48 отсто, наспроти 46 отсто за републиканецот Ден Саливан. Во Ајова, демократот Џош Турек води пред Ешли Хинсон од Републиканската партија со мала разлика – 48 отсто наспроти 47 отсто.

Просечните вредности од анкетите на „РилКлирПолитикс (RealClearPolitics Polling averages), заклучно со понеделникот, покажуваат помала предност за демократите во повеќето од истите трки, при што неколку од нив се оценети како крајно неизвесни.

Во трките што се сметаат за крајно неизвесни, Ел-Сајед води со 5,3 процентни поени во Мичиген, Хамилтон е во предност за 3,6 поени во Канзас, Џексон има предност од 3,3 поени во Мејн, Браун води со 2,8 поени во Охајо, Таларико има предност од 2,5 поени во Тексас, а Пелтола одржува предност од 1,4 поени во Алјаска. Во Ајова, републиканската кандидатка Хинсон има мала предност од 0,3 поени, додека во Јужна Каролина, демократката Дарлин Греам води со 2,7 поени.

Во други трки што се следат со големо внимание, демократските кандидати имаат поубедлива предност: Рој Купер води со 10,8 поени во Северна Каролина, Џон Ософ со 8,2 поени во Џорџија, Крис Папас со 8,0 поени во Њу Хемпшир, а Пеги Фланаган има предност од 5,4 поени во Минесота. На вонредните избори во Флорида, републиканската кандидатка Ешли Муди одржува предност од 6,3 поени.

Според најновата прогноза на Кук Политикал Репорт (Cook Political Report) за Сенатот, демократите се благи фаворити за преземање на контролата врз овој дом. Се предвидува дека демократите ќе освојат меѓу две и шест места, иако постојат седум крајно неизвесни трки, што значи дека и двете партии сè уште имаат реални шанси да обезбедат мнозинство.

Според прогнозите на Десижн Деск ХКју (Decision Desk HQ), демократите ќе го освојат Сенатот со 52 наспроти 48 места, а Претставничкиот дом со убедливи 241 наспроти 194 места.

Пет од трките во кои демократите се во водство се одвиваат во држави што се под контрола на републиканците, вклучувајќи ги Тексас и Канзас-држави кои немаат избрано демократски сенатор уште од 1988, односно 1932 година.

Во меѓувреме, рекордни 54 милиони луѓе веќе гласале на среднорочните избори, кои исто така привлекоа приближно 11 милијарди долари рекламирање, при што значителен дел доаѓа од индивидуални големи донатори.

Економијата и трошоците за живот доминираат во загриженоста на гласачите, а веднаш потоа следуваат здравствената заштита и војната меѓу САД и Иран.

Од бензинските пумпи до здравствените установи, тензиите на САД со Иран ги зголемија глобалните цени на горивата.

Обичните Американци неодамна интервјуирани од ТРТ Ворлд изразија загриженост за влијанието на зголемувањето на трошоците за живот врз нивниот живот.

Републиканските стратези, како што е Бо Ротшилд, признаваат дека инфлацијата и зголемувањето на трошоците за живот се предизвици со кои се соочуваат републиканските кандидати низ целата земја и дека гласачите чувствуваат економски притисок, „што сигурно создава политички пречки“.

Повеќе
Арапските партии во Кнесетот се координираат за смена на владата на Нетанјаху
Сиљановска-Давкова и ја честиташе изборната победа на Јотова во Бугарија
Израел го подигна нивото на воена готовност пред изборите во САД
Трамп би можел да започне нуклеарен напад врз Иран во рок од неколку дена, тврди коментатор
Трамп одржува митинзи во последниот викенд пред американските избори на средината на мандатот
Иран: Продолжуваме со размена на пораки со САД преку медијаторите
Која е Илијана Јотова - Првата жена избрана за претседателка на Бугарија
Аферата Фајзергејт на чекање: Обвинителите на ЕУ сè уште ја чекаат изјавата на Фон дер Лајен
Војната меѓу Русија и Украина стигна до орбитата-прва „блиска средба“ на сателити
Европа мора да се „разбуди“, но во каква реалност? Крајната десница и новиот општествен договор
Големи донатори, поголеми влогови: Парите ги обликуваат трките на среднoрочните избори во САД
Избори во Израел: Што значат рекордните бројки на арапските партии за ционистичката политика
Како растечките тензии меѓу САД и Украина ќе го обликуваат текот на војната?
Трамп не планира да го поддржи тврдењето на Болсонаро дека е лидер на Бразил
Брнабиќ: Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
Лапид вели дека Нетанјаху „нема начин“ да формира влада по изборите во Израел
Дневни блиц вести 30.10.2026
Катарските посредници повторно во Техеран за обнова на преговорите САД-Иран
Претседателот Ердоган ја истакна солидарноста меѓу турските држави
Џ.Д. Венс тврди дека Трамп нема да дозволи „вечна“ војна во Иран