| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка
Николоски посочил дека Владата е целосно посветена на реализација на капиталните инфраструктурни инвестиции, при што стави посебен акцент на изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце.
Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка
Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка / Other

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на министерскиот самит во Солун оствари билатерална средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Косово, Димал Баша.

Како што стои во соопштението на Министерството, на средбата било разговарано за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и за реализацијата на заеднички регионални инфраструктурни проекти од стратешко значење.

На средбата било оценето дека Република Северна Македонија и Косово имаат одлични билатерални односи и значителен потенцијал за натамошно зголемување на соработката, особено во областа на транспортната инфраструктура, која претставува основа за економски развој, зголемена трговска размена и подобра поврзаност на регионот.

Николоски посочил дека Владата е целосно посветена на реализација на капиталните инфраструктурни инвестиции, при што стави посебен акцент на изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце.

„Овој проект претставува најзначајната патна врска меѓу Македонија и Косово кој ќе придонесе за побрз, побезбеден и поефикасен патен транспорт, ќе ја подобри мобилноста на граѓаните и стопанството и дополнително ќе ја зајакне регионалната соработка“, нагласил Николоски.

Соговорниците се согласиле дека подобрата транспортна инфраструктура ќе овозможи поинтензивна економска активност, полесен проток на луѓе и стоки и ќе создаде нови можности за инвестиции и развој на бизнис-заедницата од двете земји.

На средбата, исто така, било потенцирано дека „Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, а реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти ќе придонесе за понатамошно зголемување на трговската размена, подобрување на конкурентноста на регионот и создавање услови за одржлив економски раст.“

Двете страни ја потврдиле својата подготвеност за интензивирање на институционалната соработка и продолжување на заедничките активности со цел побрза реализација на проектите што се од заемен интерес и кои ќе донесат долгорочни придобивки за граѓаните и економиите на двете земји.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Првиот француски танкер за течен природен гас го премина Ормускиот теснец од почетокот на војната
Божиновска: Го заштитивме македонскиот рубин
Љатифи Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија
Путин повика на засилување на соработката меѓу Русија и земјите од АСЕАН
Турската и шпанската одбранбена индустрија потпишаа договори за стратегиска соработка
„Дали е Нов Зеланд или Израел на прво место?“ Висок дипломат од Киви прашан за ставот кон Газа
Филипинскиот претседател Маркос го покани Путин на самитот за Источна Азија во Манила
Шефот на НАТО вели дека алијансата влегува во фаза на имплементација пред самитот во Анкара
Фидан: Договорот меѓу САД и Иран зависи од решавањето на техничките прашања
Мицкоски: Местото ни е во ЕУ, но без отстапки за идентитетот, ова е нашата црвена линија
Еден израелски војник убиен, седум повредени во експлозија во Либан
Украина погоди рафинерија за нафта во Москва во напад со дронови
Шарив: Склучен е Меморандумот меѓу САД и Иран, а ќе се потпише во Швајцарија
Европскиот парламент го оценува напредокот на пет земји од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ
Пентагон го користел ВИ моделот Грок на Маск и Палантир за воени напади врз Иран