| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
Македонската гајда и турскиот тулум ќе се претстават во Истанбул
Особено внимание ќе биде посветено на процесот на впишување на гајдата и тулумот, кои беа заеднички внесени на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото во УНЕСКО.
Македонската гајда и турскиот тулум ќе се претстават во Истанбул
Македонската гајда и турскиот тулум ќе се претстават во Истанбул / Other

Во Македонскиот културен центар во Истанбул на 10 март (вторник) со почеток во 20 часот, ќе се одржи културен настан посветен на заедничката традиција на македонската гајда и турскиот тулум, како значаен дел од нематеријалното културно наследство на двата народа.

Настанот се организира по повод 10 март – Меѓународниот ден на гајдата, со панел-дискусија на која ќе учествуваат експерти од Македонија и Туркије. Панелот ќе биде посветен на историските, културните и етномузиколошките аспекти на гајдарската традиција, како и на нејзината улога во современото културно наследство.

Особено внимание ќе биде посветено на процесот на впишување на гајдата и тулумот, кои беа заеднички внесени на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото во УНЕСКО. Ова признание претставува значаен пример за успешна културна соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Туркије.

Во рамките на програмата, преку презентација ќе бидат претставени и органолошките карактеристики и разликите меѓу македонската гајда и турскиот тулум, како и регионите и заедниците во двете земји каде оваа традиција и денес активно се практикува.

Македонската гајда на панел-дискусијата ќе ја претстави Управата за заштита на културно наследство, предводена од директорката Весела Честоева, која ќе говори за нејзиното значење, традиција и процесот на нејзината меѓународна заштита, како и Ивона Опетческа-Татарчевска, раководител на Секторот за межународна дејност при УЗКН и виш соработник за фолклорни добра.

Настанот ќе биде збогатен и со изведби на гајда и тулум во живо, кои на публиката ќе ѝ овозможат автентично музичко доживување и непосредно запознавање со звучниот свет на оваа древна традиција.

Со овој настан Македонскиот културен центар во Истанбул официјално ќе ја отвори својата културна програма за 2026 година, продолжувајќи ја својата мисија на промоција на македонската култура и зајакнување на културната соработка меѓу двете земји.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Летонија доби нова влада по инцидентот со украински дрон што ја урна претходната владина коалиција
Венс: Одобрувањето на Трамп за договорот со Иран е сè уште неизвесно
Туркије им оддава почит на жртвите од расистичкиот напад во Солинген во 1993 година
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“