Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека верува оти одржувањето претседателски избори не е можно во овој момент, но дека СНС ќе одлучи за ова на Главниот одбор и Собранието на партијата, на почетокот и средината на декември.
На прес-конференција во седиштето на СНС, Вучиќ одговори на прашањето дали Српската напредна партија ќе има свој кандидат на претстојните претседателски избори и дали е договорено во партијата кој би можел да биде тој.
„Јас лично верувам дека во овој момент не само што изборите не се можни, туку тие не се нормални, каде што луѓето буквално се борат за својот здив. Не криминалци кои слободно шетаат и владеат со земјата, туку обични луѓе и оние кои размислуваат поинаку од нив. Но, она што јас го мислам не значи ништо“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека ќе ги има и Главниот одбор и Собранието на партијата на почетокот, средината на декември, а потоа, рече тој, ќе донесе одлуки за ова прашање, во зависност од датумот.
„Ако мене лично ме прашувате, јас во целост би го игнорирал тоа“, рече Вучиќ.






















