| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Претседателот на Туркије и генералниот секретар на ОН учествуваа во акцијата за садење дрвја по повод Националниот ден на пошумување во Туркије, што се одбележува на 11 ноември
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Светските лидери денес ќе се соберат во турскиот медитерански град Анталија на дводневен самит во рамки на Конференцијата на ОН за климатски промени

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, засадија садници од маслинка на маргините на Самитот на лидерите во рамките на КОП31 во Анталија.

Ердоган и Гутереш учествуваат на самитот, што се одржува во „Анталија ЕКСПО Центар“, каде што беа учесници во акција за садење дрвја по повод Националниот ден на пошумување во Туркије, што се одбележува на 11 ноември.

Настанот беше дел од иницијативата на национално ниво, што се спроведе истовремено во сите 81 област.

На настанот присуствуваа и министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени, Мурат Курум, како и министерот за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли.

Светските лидери денес ќе се соберат дводневен самит во рамки на Конференцијата на ОН за климатски промени КОП31, при што турското претседателство ја става електрификацијата во центарот на напорите за претворање на климатските заложби во конкретни активности.

Ердоган и Гутереш треба да се обратат на отворањето на самитот во Експо-центарот во Анталија. Шефовите на држави и влади во текот на двата дена ќе ги претстават националните ставови, паралелно со одржувањето тркалезни маси и билатерални средби.

Меѓу очекуваните говорници е и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, чија земја беше домаќин на минатогодишните климатски преговори, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кинескиот потпретседател Хан Женг и претседателката на Маршалските Острови, Хилда Хајне. На самитот се очекува да се обратат и британскиот премиер Енди Барнам и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Повеќе
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД
Институтот Јунус Емре додели сертификати за турски јазик на вработени во Министерството за одбрана
САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ трошоци на Иран, ѝ порача Рубио на групата Г7
Ердоган ветува зајакнување на националното единство на Туркије преку нови иницијативи
Тошковски: „Безбеден град“ се проширува со мобилни камери и контроли на црните сообраќајни точки
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција на новите економски околности
Министерството за правда: По 30 години, нов Кривичен законик