| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Северна Кореја го избриша обединувањето со Јужна Кореја од својот устав
Политикологот Ли Јунг Чул од Националниот универзитет во Сеул рече дека новата политика може да биде основа за мирна коегзистенција меѓу двете корејски држави, но, други експерти гледаат зголемен ризик од потенцијален воен конфликт меѓу двете држави
Северна Кореја го избриша обединувањето со Јужна Кореја од својот устав
Корејската војна 1950-53 година, заврши со примирје и поделба на Корејскиот полуостров, но двете земји никогаш не потпишаа мировен договор / Reuters

Северна Кореја го отстрани секое споменување на обединувањето со Јужна Кореја од својот ревидиран устав, според документ презентиран на прес-конференција на јужмокорејското Министерство за обединување во Сеул во среда, објави новинската агенција Јонхап.

Од основањето на земјата во 1948 година, севернокорејската влада тврди дека има за цел политичко обединување со јужниот дел од Корејскиот полуостров.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун првпат се дистанцираше од таа цел во 2023 година кога ја прогласи Јужна Кореја за свој „главен непријател“.

Исто така, во јануари 2024 година, владата сруши споменик висок 30 метри што го симболизираше обединувањето во главниот град Пјонгјанг.

Потегот, кој беше толкуван различно, сега е вклучен во уставот.

Според документот презентиран на конференција во Министерството за обединување во Сеул, Северна Кореја сега ја дефинира својата територија како област што граничи со Кина и Русија на север и Јужна Кореја на југ, вклучувајќи ги придружните територијални води и воздушен простор.

Уставот не ја специфицира спорната поморска граница во Жолтото Море, особено околу таканаречената северна гранична линија, која претставува де факто демаркација меѓу двете држави.

Ревизијата ги отстрани сите формулации поврзани со обединувањето, вклучувајќи термини како „мирно обединување“ и „големо национално единство“, што ја одразува политиката на „две држави“ што ја заговара севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Уставот не ја означува Јужна Кореја како „главен непријател“.

За прв пат, претседателот на Комисијата за државни работи беше уставно дефиниран како „шеф на државата“, што го постави над Врховното национално собрание во хиерархијата на институциите.

Новите одредби, исто така, му даваат на лидерот директна контрола врз нуклеарните сили, вклучително и правото да ги делегира тие овластувања, додека парламентот е лишен од можноста за импичмент, што дополнително ја ослабува неговата надзорна улога.

Ревидираниот устав е најновата во низата промени откако беше првпат усвоен во 1948 година и доаѓа во време на зголемени политички и безбедносни тензии на Корејскиот Полуостров.

Политикологот Ли Јунг Чул од Националниот универзитет во Сеул рече дека новата политика може да биде основа за „мирна коегзистенција“ меѓу двете корејски држави, објави Јонхап.

Други експерти гледаат зголемен ризик од потенцијален воен конфликт меѓу двете земји.

Од Корејската војна 1950-53 година, Корејскиот полуостров е поделен на комунистички северен и демократски југ.

Војната заврши со примирје, но двете земји никогаш не потпишаа мировен договор.

Повеќе
Арагчи во Пекинг: Иран и Кина сакаат да ја зајакнат соработката и да го стабилизираат Блискиот Исток
Претседателот на Либан дискутира за француската иницијатива за демаркација на границата со Сирија
Трамп го паузира Проектот слобода во Ормускиот теснец поради напредокот во разговорите со Иран
Трамп: Мора да влеземе во Иран и да го заплениме нуклеарниот материјал
Русија ги обнови активностите на генералниот конзулат во Исфахан, Иран
Прекин на аеродромскиот сообраќај во Москва поради закани од дронови
Европа бара партнери за Алијансата за беспилотни летала меѓу ЕУ и Украина
Падна Владата во Романија откако Собранието му изгласа недоверба на премиерот Боложан
Израел се координира со САД за можна нова рунда напади врз Иран
Партијата БЈП на индискиот премиер Моди обезбеди историска победа во Западен Бенгал
Зеленски: Украина прогласува прекин на огнот од 6 мај и очекува исти дејствија од Русија
Ердоган: ЕУ не може да биде глобален актер без полноправно членство на Туркије
Најмалку двајца загинати откако автомобил се заби во пешаци во Лајпциг
Двајца израелски војници ранети во судири во јужен Либан
Канада вети нова воена помош за Украина од околу 170 милиони евра
ОАЕ издаде прво ракетно предупредување по примирјето во Иран
17 жртви во израелските напади во Либан во последните 24 часа
ЕУ и Велика Британија го зајакнуваат партнерството: Поблиска соработка во економијата и безбедноста
Младенов ќе побара од Израел да ги ублажи ограничувањата за хуманитарната помош во Газа
Руте: САД се разочарани од европскиот одговор на Блискиот Исток