Пазар на недвижности: Бројот на продадени станови во вториот квартал зголемен за 37%
РЕГИОН
3 мин читање
Пазар на недвижности: Бројот на продадени станови во вториот квартал зголемен за 37%Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра
За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра, пазарот на недвижности во вториот квартал со вредност од 351,7 милиони евра

Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини  за периодот април - јуни годинава. 

Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и изнесува 197.408 денари (3.200 евра) или за 66 метри квадратни платени се 211.200 евра. 

Во периодот од 1 април до 30 јуни годинава во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани  8.369 трансакции (збир од купопродажби и закупи) и споредбено со првиот квартал се бележи раст од 7,9 проценти што укажува на зголемена пазарна активност.

Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот на недвижности за вториот квартал годинава изнесува 351,7 милиони евра, што е раст од 27,3 проценти во споредба со претходниот квартал. 

Регистрирани се 977 продажби од инвеститор, од кои 943 се станови, а 34 куќи. Во однос на првиот квартал има раст за 236 продадени новоградби. 

Во вториот квартал годинава на целата територија на државава регистрирани се 943 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 231 станови  или 32 проценти повеќе во споредба со  првиот квартал. Во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 28.352 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

Споредено со првиот квартал од годинава, бројот на продадени станови во вториот кавртал е зголемен за 37 проценти, а нивната вкупна финансиска вредност е зголемена за 43 проценти. Бројот на продадени куќи во овој квартал е зголемен за 13 проценти, а финансиската вредност е зголемена за 22 проценти, во однос на првиот квартал од 2026 година.  Кај земјоделското земјиште и шуми, бројот на купопродажби во вториот квартал е зголемен за 7 проценти, а  финансиската вредност  за 14 проценти.

Деловните простори во овој квартал бележат пад на вкупната купопродажната вредност од -7  проценти во споредба со првиот квартал од 2026 година, а бројот на продадени деловни простори е зголемен за 21  процент. Исто така, раст на вкупната купопродажната вредност во споредба со првиот квартал од 2026 година се бележи и кај индустриските објекти од 97 проценти и градежното земјиште од 10 проценти.

Бројот на продажби кај индустриските објекти е намален за -16  проценти, а на градежно земјиште е зголемен за 16 проценти. Бројот на продадени гаражи во овој квартал е зголемен за 34  проценти, а нивната вкупна финансиска вредност е зголемена за 46 проценти во однос на првиот квартал од 2026 година.

Најголем број продадени станови евидентирани во Регистарот на цени и закупнини во овој квартал има во Општина Аеродром, 297 станови, а најголем број продадени куќи во Општина Битола, 64. Најмногу купопродажби на деловен простор има на територијата на Општина Центар каде што се продадени 33 деловни простори, додека најмногу недвижности од типот на земјоделско земјиште и шуми се продадени во Општина Куманово со 79 купопродажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во Општина Куманово со 45 купопродажби. Во овој квартал се регистрирани и купопродажби на 203 гаражи, и тоа во поголем број општини. 

Во вториот квартал од 2026 година продадени се недвижности со вкупна површина од 7.818.624 метри квадратни и вкупна достигната цена од 21.557.508.806 денари.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка
Путин разговараше со лидерите на Норвешка и Финска за војната во Украина
„Договорот од Мека меѓу Туркије, С.Арабија и Пакистан има цел да ја зајакне регионалната безбедност“
Холандија официјално се повлекува од Евровизија 2027
Србија: Студентска листа освои 140 мандати или над 52 отсто од гласовите
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија
Дневни блиц вести 27.10.2026
Јужна Кореја поднесе протест до САД поради изјавите на командантот за меѓукорејската граница
Срдановиќ: Граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство
Администрацијата на Трамп повторно ќе го гони поранешниот директор на ФБИ
Напад со дрон остави големи делови од суданската престолнина без струја
Израелската опозиција повикува на гласање за крај на владеењето на Нетанјаху
Туркије по хармонизацијата за безбедноста на машините со ЕУ цели на извоз од 10 милијарди
Трамп: Изборите во Бразил изгледаат како да се наместени