| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 мин читање
Кандидатот на Туркије за шеф на ОН вети дека ќе помогне во изградба на поправеден свет за сите
Ја барам функцијата генерален секретар не затоа што сметам дека ОН се совршени, туку затоа што цврсто верувам дека тие се неопходни, кизјави Феридун Синирлиоглу, кој моментално е генерален секретар на ОБСЕ
Кандидатот на Туркије за шеф на ОН вети дека ќе помогне во изградба на поправеден свет за сите
Човековите права се прекршуваат пред очите на јавноста и се поткопуваат преку неприфатливи двојни стандарди, рече тој

Кандидатот на Туркије за генерален секретар на Обединетите нации (ОН), Феридун Синирлиоглу, во петокот вети дека ќе помогне во „изградбата на попросперитетен и поправеден свет за сите“, доколку биде избран да ја предводи организацијата.

„Доколку бидам избран, ќе го посветам целото свое искуство, енергија и посветеност на тоа Обединетите нации да останат верни на визијата на своите основачи и подготвени за нашата заедничка иднина- преку спречување конфликти, унапредување на одржливиот развој, заштита на човечкото достоинство и придонесување кон изградбата на попросперитетен и поправеден свет за сите“, изјави Синирлиоглу за време на интерактивниот дијалог со земјите-членки на ОН и претставници на граѓанското општество, како дел од процесот на избор на идниот лидер на организацијата.

Тој истакна дека неговиот пристап ќе се води од „строга верност кон целите и принципите на Повелбата на ОН“, независност и непристрасност, транспарентност и одговорност, партнерство со регионалните организации, како и „посветеност на инклузивноста, осигурувајќи дека сите гласови, особено оние кои традиционално се недоволно застапени, ќе помогнат во обликувањето на глобалните решенија“.

Синирлиоглу, кој моментално е генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), изјави дека светот минува низ период на „високи геополитички тензии, највисоки во последните децении“.

„Меѓународниот систем не е во состојба да се справи со заканите по мирот и безбедноста, па дури ни да постигне согласност за нив“, рече тој, додавајќи дека економските нееднаквости растат како внатре во земјите, така и меѓу нив, а „глобалната солидарност слабее“.

„Човековите права се прекршуваат пред очите на јавноста и се поткопуваат преку неприфатливи двојни стандарди“, рече тој.

„Ја барам функцијата генерален секретар не затоа што сметам дека ОН се совршени, туку затоа што цврсто верувам дека тие се неопходни“, изјави тој.

„Ако правилата престанат да бидат важни за некои, тие нема да бидат важни за никого, а тоа станува проблем за сите. На ОН им е потребен генерален секретар кој не е само главен администратор или глас на организацијата, туку и активен и искусен дипломатски посредник, подготвен да отиде таму каде што мирот е најпотребен“, додаде тој.

„Ангажирањето со оние со кои не се согласуваме не е отстапка, туку одговорност“, рече тој.

Синирлиоглу наведе пет приоритети: спречување и решавање на конфликти; враќање на довербата во мултилатерализмот; подготовка за новите предизвици; забрзување на одржливиот развој и дејствувањето во однос на климата; како и заштита на човековите права.

Тој повика на реформи со цел ОН да станат „пофлексибилни, потранспарентни, дигитално оспособени, финансиски одговорни и отчетни“.

„Даночните обврзници ширум светот треба да знаат каде одат нивните пари, кои проекти се финансираат со нив и какво влијание создаваат“, додаде тој.

На прашањето од претставник на Арапската група дали ќе ги поддржи правата на палестинскиот народ, Синирлиоглу одговори: „Како генерален секретар, оваа историска одговорност би ја ставил во преден план на мојот политички ангажман“.

„Праведното решавање на палестинското прашање е од клучно значење не само за арапскиот свет, туку и за стабилноста на глобалниот поредок“, рече тој, ветувајќи дека ќе работи на „сеопфатно политичко решение засновано на моделот со две држави“.

„Итната хуманитарна ситуација, особено во Газа, мора да остане главен приоритет“, додаде тој.

Во однос на поморската безбедност, вклучително и во Ормускиот Теснец и Црвеното Море, тој изјави: „Нападите врз трговските бродови, заканите за цивилните поморци и неоправданите ограничувања на пловидбата се неприфатливи, без оглед на нивниот извор или мотив“.

„Генералниот секретар треба да биде првиот што ќе пристигне на лице место и да дејствува како доверлив и чесен посредник“, рече тој. „Верувам дека сум вистинската личност да ја предводи оваа организација во време на големи геополитички предизвици“.

Повеќе
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ