Грљани: 800 метра над брзиот живот
КУЛТУРА
2 мин читање
Грљани: 800 метра над брзиот животВо мало планинско село во Источна Македонија, Грљани, кое брои околу стотина жители, опкружено со три планини наоколу и еден млад брачен пар кој одлучи дека тоа е доволно
Грљани: 800 метра над брзиот живот / TRT Balkan MK

Постојат места каде часовникот чука поинаку. Грљани е едно такво место- мало планинско село во Источна Македонија, сместено помеѓу Голак, Плачковица и Осоговските Планини, на речиси 800 метри надморска височина и над сиот градски метеж.

Токму тука, во село со стотина жители, младиот брачен пар Ања и Николче Јанчов го изгради она за кое мнозина само сонуваат- живот по свои мерки. Во разговор со екипата на ТРТ Балкан, двајцата ја споделија приказната за враќањето кон едноставноста, за одгледувањето на нивниот малечок син Богдан во средина богата со чист воздух и вредности, и за „Бабин", брендот кој го создадоа со свои раце и на кој сѐ уште работат посветено и со љубов.

Николче, по образование електро инженер, признава дека градскиот живот му направил да се чувствува како да го изгубил патот. 

„Мојот животен стил и моите идеали не се движеја кон целта по која тргнав. Едноставно одев во Скопје да правам пари. Јас се изгубив во тој град", вели тој. Враќањето на село не беше бегство. Беше избор.

Ања дошла од сосема поинаков свет- центарот на Нови Сад, каде природата значела прошетка во парк. 

„Јас не знаев коренче на домат како изгледа додека не дојдов тука. Беше шокантно, но многу позитивно", се смее таа. Денес токму таа го моделира „Бабин" во визуелен идентитет, применувајќи го графичкиот дизајн на што дипломирала во Србија- на етикети кои мирисаат на мајчина душица и планинска роса.

Нивниот производствен процес е речиси медитативен: бербата на диви билки од незасегнатите планини, сушењето на сито, полнењето мед кој поради висината доаѓа потемен, побогат и подоцна во текот на годината, дури во јули и август. 

„Тоа што тука ќе го имаш не се купува со пари. Мирот, природата, воспитувањето", вели Николче, со погледот кон брдата.

Во свет каде сите бараат брзи одговори, Ања и Николче ни нудат производ кој расте полека, со причина. 

„Сакаме да покажеме дека има друга опција освен градот, не само да се успее, туку да се живее убаво", порачува Николче.

Грљани. Стотина жители. Зуеж на пчели наместо сирени. Далечина без интернет-сигнал, велат некои. Иднина во која верува едно семејство, велат Ања и Николче.

Повеќе
Кир Стармер поднесе оставка, Енди Бернам ќе биде нов премиер на Велика Британија
37 проценти од Американците сметаат дека Иран има поголема корист од договорот со САД
Австралиската полиција заплени 2,7 тона кокаин во „најголемата досега“ заплена на дрога во земјата
Клучни резултати од самитот во Швајцарија за разговорите меѓу Иран и САД
Градоначалникот на Москва вели дека 59 дронови се соборени при приближување кон главниот град
Трамп му честита на новоизбраниот претседател на Колумбија
Јужна Кореја го критикува „засиленото“ гранично оградување на Северна Кореја
Австралија го потпиша најголемиот договор за извоз на одбрана
ДТИК организираше средба со медиумите во Скопје
Ердоган: Туркије е главен актер во решавањето на регионалните кризи
Иран ги одложи преговорите со САД поради кршењето на примирјето во Либан од страна на Израел
Израелскиот министер за одбрана: Никој не може да ни каже што да правиме
Правна и политичка субверзија: Како Израел ја уништува „мировната“ рамка во Газа
Шок во Тел Авив по острите критики на американскиот потпретседател за израелски министри
Средба Руте-Трамп следната недела во САД