| Macedonian
Тесла има цел да започне со испорака на роботакси-возила за клиентите до крајот на годината
Почетните испораки ќе бидат во мал обем, а се очекува повеќето возила да останат дел од флотата на „Тесла“ за превоз на патници по нарачка
Тесла има цел да започне со испорака на роботакси-возила за клиентите до крајот на годината
„Тесла“ има цел да започне со испорака на роботакси-возила за клиентите до крајот на годината

Тесла има цел да започне со испорака на своите автономни роботакси-возила за клиентите до крајот на 2026 година, првично во мал обем, изјави денес висок претставник на компанијата.

Зборувајќи за време на настан со инвеститорите по објавувањето на финансиските резултати на Тесла за третото тримесечје, Ларс Морави, потпретседател за инженеринг на возила, рече дека роботакси-возилата што моментално се произведуваат во Тексас се наменети за флотата на роботакси на компанијата.

„Се обидуваме да започнеме со испорака на роботакси-возила за клиентите до крајот на 2026 година“, рече Морави.

Тој посочи дека Тесла постепено ќе ги проширува испораките до клиентите, паралелно со стекнувањето искуство во сопственоста и управувањето со автономни возила што ќе стигнат до клиентите.

Роботакси-возилото, со златна боја и две седишта, е дизајниран со автономен систем и нема ниту волан ниту педали.

Извршниот директор Илон Маск изјави дека возилото првенствено ќе биде наменето за пазарот на услуги за превоз на патници, при што се очекува повеќето роботакси-возила да останат во сопственост на Тесла. Овој пристап тој го спореди со моделите Модел 3 и Модел Ј, кои се наменети за приватно поседување.

Одделно, шефот за вештачка интелигенција во Тесла, Ашок Елу Свами, изјави дека компанијата очекува дел од возилата во сопственост на клиентите да се приклучат на нејзината флота на роботакси-возила околу вториот квартал на 2027 година. За нивното функционирање ќе биде потребно интегрирање во зоните за услуги што ги определила Тесла, како и во системот за управување со флотата на возила.

Актуелниот систем на Тесла за целосно самостојно управување и натаму е систем за помош при возење, за што е потребен внимателен возач подготвен да ја преземе контролата над возилото.

Воведувањето на роботакси-возила се соочува и со регулаторна проверка.

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатите минатиот месец отвори истрага за тоа дали возилото е усогласено со федералните безбедносни стандарди, според ТекКранч.

Истрагата ги испитува процесот и техничките податоци што Тесла ги користела за да ја потврди усогласеноста на возилото, што потенцијално би можело да влијае врз плановите за проширување на неговата употреба.

Повеќе
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Курти: Време е Косово да добие статус на земја-кандидат и да ги отвори преговорите за членство во ЕУ
Мерц: Членството на Црна Гора во ЕУ е реално остварлива цел
Њујорк тајмс: САД и Израел подготвуваат планови за постизборни напади врз Иран
Папата Лав XIV нема потреба од понатамошен третман по операцијата на канцерот на белите дробови
Туркије за три години ќе инвестира 2 милијарди долари во воздухопловната и вселенската индустрија
Иран соопшти дека нападнал четири брода што превезувале нафта во Персискиот Залив
Зеленски сака нови преговори со Русија и САД до почетокот на ноември
Сирија започна безбедносна операција насочена кон терористичка ќелија во околината на Дамаск
Европскиот парламент сака подлабока соработка со Канада
Лана Нусејбех од ОАЕ најавува кандидатура за генерален секретар на ОН
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Медиуми: Израелски борбени авиони летале близу до иранската граница за да предизвикаат реакција
Мерц: Влијанието на Русија е најголемата закана за германското општество
Конгресменката Рамирез: Израелскиот геноцид врз Палестинците не е завршен