| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Пожар во зграда однесе 14 животи во северна Кина
Инцидентот се случил во неделата вечерта во Таијуан, главен град на провинцијата Шанси
Пожар во зграда однесе 14 животи во северна Кина
Пожар во зграда однесе 14 животи во северна Кина

Најмалку 14 лица загинаа, а десетици други се хоспитализирани откако голем пожар зафати висока зграда во северната кинеска провинција Шанси, објавија државните медиуми денес.

Инцидентот се случил во неделата вечерта во Таијуан, главен град на провинцијата Шанси, јави новинската агенција „Синхуа“ со седиште во Пекинг, повикувајќи се на локалните власти.

Во неделата, околу 38 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и петмина кои веќе биле починати. До понеделникот наутро, бројот на жртвите се зголеми на 14.

Зградата се наоѓа во центарот на Таијуан, во близина на болници, училишта, трговски центри и туристички локалитети.

Причината за пожарот сè уште е предмет на истрага.

Во Кина често се случуваат смртоносни пожари поради недоволно строгите градежни прописи.

Во ноември минатата година, голем пожар зафати неколку високи згради во Хонгконг, при што загинаа 168 лица.

Еден месец подоцна, во пожар во станбена зграда во јужната кинеска провинција Гуангдунг загинаа 12 лица.

Повеќе
Израел објави тендер за над 700 населби во близина на Витлеем во окупираниот Западен Брег
Директорот на Нвидиа соочен со истрага поради љубовна афера со наводна кинеска шпионка
Во Аргентина уапсен маж поради закани кон папата Лав XIV пред неговото пристигнување
Напаѓачот од Полска им подлегна на раните по престрелката со полицијата
Трагедија на Крит: 12 мигранти пронајдени мртви, повеќе од 100 спасени
Кина ја продолжува суспензијата на дополнителните царини за увоз од САД за 2 месеци
Самитот за климата COP31 започнува во Туркије, со повици за поодлучни мерки
Ердоган: Туркије ги поддржува напорите на Азербејџан за воспоставување траен мир на Јужен Кавказ
Каџир: На вештачката интелигенција може да ѝ се делегира овластување, но не и одговорност
Израелскиот претседател најави дека на Ајзенкот ќе му го довери мандатот за формирање нова влада
Климатскиот самит COP31 започнува во понеделник во Анталија
Дуран предупредува на монопол врз алгоритмите во дигиталниот свет
Фидан: Поморските коридори можат да станат арени на конфликт
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
Претседателот на Парагвај поднесе оставка под растечки притисок по колапс на банка
Ерменскиот премиер планира да присуствува на климатскиот самит на ОН во Туркије