| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Австриската влада се согласи да го продолжи задолжителниот воен рок
За да се усвои реформата, на коалицијата ѝ е потребно двотретинско мнозинство во Парламентот, што значи дека мора да обезбеди гласови од опозицијата.
Австриската влада се согласи да го продолжи задолжителниот воен рок
AUSTRIA-ARMY

Австриската владејачка коалиција се договори за нов модел за продолжување на воениот рок, објави денеска Јаник Шети, лидер на партијата „Нова Австрија и Либерален форум“.

Според предложената реформа, по сегашната шестмесечна основна обука, веднаш ќе следи еден месец активни вежби. Регрутите потоа ќе ги одработат преостанатите два месеци од обуката во резервниот состав во подоцнежен термин.

Во моментов, воениот рок во Австрија е строго ограничен на шест месеци основна обука.

За да се усвои реформата, на коалицијата ѝ е потребно двотретинско мнозинство во Парламентот, што значи дека мора да обезбеди гласови од опозицијата.

Најголемата опозициска партија, крајно десничарската „Слободарска партија на Австрија“ (FPÖ), бара уште поголемо продолжување и на воениот и на цивилниот рок.

Од друга страна, австриските Зелени остануваат против планираните промени.

Австрија не е единствената земја во Европа што прави промени во својот систем на регрутација како одговор на војната во Украина и на заканите по безбедноста што доаѓаат од Русија.

Латвија повторно воведе задолжителен воен рок во 2024 година, по пауза од речиси две децении. Хрватска, по пауза од 17 години, повторно воведува задолжителна основна обука во траење од два месеци за мажите, почнувајќи од јануари 2026 година.

Данска спроведува сеопфатна реформа што започнува во 2026 година. Воениот рок драстично ќе се продолжи – од четири на единаесет месеци.

Слично на тоа, во Германија, која ја суспендираше регрутацијата во 2011 година, се појави нов модел.

Според новиот Закон за воена служба усвоен под канцеларот Фридрих Мерц, регрутацијата не е целосно вратена, но е сеопфатно реформирана.

Почнувајќи од 2026 година, сите мажи на возраст од 18 години ќе треба да пополнат дигитален прашалник за физичката подготвеност и воената способност.

Врз основа на одговорите, кандидатите ќе бидат повикани на физички преглед, со цел секоја година да се регрутираат приближно 20.000 доброволци.

Повеќе
Одборот за мир во Газа ги повтори заложбите пред ГС на ОН
Ердоган: Туркије и САД мора да им дадат „нов замав“ на односите и да ги надминат пречките
Курти по средбата со Ердоган: Благодарност за постојаната поддршка од Туркије
Зеленски:  Украина е подготвена да ги запре нападите врз руските енергетски објекти
Калас: Потребни се повеќе бродови во Црвеното Море за безбеден транспорт
ЕУ без потврда на договорот за санкции на двајца руски олигарси
Дизелот од денеска поскап, бензините поевтини
Ердоган повикува на реформа на Советот за безбедност на ОН и на укинување на правото на вето
Ердоган: Туркије работи на проширување на соработката со Виетнам
Фидан: САД да го искористат влијанието врз Израел за да ги прекинат дестабилизирачките активности
Ердоган утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации
Данска: Безбедносниот договор за Гренланд ќе го стави Арктикот под надзор на НАТО
Бурханетин Дуран: Турција ќе продолжи со дипломатијата за „поправеден свет“
ЕУ предлага систем за рангирање на потрошувачката на енергија и вода во дата центрите
Медиумски организации ќе ја тужат Белата куќа за одземените акредитации