| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Официјално означен почетокот на Градскиот воз кон Зелениково
Проектот „Градски воз” е идеја на оваа Влада со цел граѓаните на Скопје како од приградските места, така и од централниот дел да добијат побрз, поефикасен и подостапен јавен градски превоз.
Официјално означен почетокот на Градскиот воз кон Зелениково
Официјално означен почетокот на Градскиот воз кон Зелениково / Other

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, раководствата на железничките пртрпијатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и нивни вработени, утрово, придружувани од медиуми, со Градскиот воз тргнаа од железничката станица во Зелениково кон Скопје. 

Симболичното патување е по повод официјалната промоција на проектот „Градски воз“ на првата од трите предвидени линии  со која се сообраќа од  Зелениково - Ново Зелениково - Орешани - Јане Сандански – Драчево - Лисиче и Нова железничка станица Скопје.

Проектот „Градски воз” е идеја на оваа Влада со цел граѓаните на Скопје како од приградските места, така и од централниот дел да добијат побрз, поефикасен и подостапен јавен градски превоз. Целта е периферните делови на Скопје да се поврзат со централното подрачје на градот, што ќе значи поевтино патување, пократко патување, помалку чекање и побрз јавен транспорт.

„Железници Инфраструктура“ за потребите на проектот „Градски воз” изврши целосна реконструкција на пругата за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација.

Сообраќајот на линијата Зелениково-Нова железничка станица Скопје ќе се реализира со три возови според точно утврден ред на возење од страна на МЖ „Транспорт“. 

Во тек се работи и на проектирање на втората и третата линија од „Градски воз“,  едната од Нова железничка станица преку Бутел - Скопје-Север до Ѓорче Петров и другата од Нова железничка станица преку Автокоманда- Маџари до Илинден.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Обвинителството отвори истрага против осигурително друштво за перење на над 2,2 милиони евра
Американските преговарачи Виткоф и Кушнер пристигнуваат во Москва и Киев
Кос ја откажа посетата на Србија поради глорификација на Младиќ
Бројот на жртви од потонатиот ферибот кај ТРСК се искачи на 12
АСЕЛСАН успешно го тестираше системот за наведување ЛГК-84
ОН: Израелското зацврстување на анексијата на Западниот Брег е спротивна на меѓународното право
Украина соопшти дека во руските напади загинало едно, а повредени се пет лица во Одеса
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
Тревога во Германија: Трет сомнителен напад врз електричната мрежа за само седум дена
Владата на Мелони најдолго на власт во историјата на Италија
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска