Цените на нафтата се зголемија откако плановите за втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран повторно застанаа.
Цената на глобалната референтна нафта Брент се зголеми за речиси 2% на 107,26 долари за барел, додека цената на американската референтна нафта Вест Тексас Интермедиејд (ВТИ) се зголеми за 2,23% на 96.486 долари.
Ова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека Вашингтон ги откажал плановите за испраќање тим во Пакистан за преговори со нивните ирански колеги.
Глобалните резерви на енергија се под силен притисок од почетокот на војната во Иран, бидејќи клучниот воден пат Ормуски Теснец е ефикасно затворен од конфликтот.
Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас Арагчи, изјави во неделата дека се во тек „важни дискусии за билатерални прашања и регионални случувања“ со Оман, неговиот сосед по должината на теснецот.
Инвестициската банка „Голдман Сакс повторно ја ревидираше својата прогноза за цените на нафтата, при што очекува во последниот квартал од 2026 година цената на нафтата од типот Брент да достигне просек од 90 долари за барел, додека американската ВТИ да изнесува околу 83 долари за барел.















