| Macedonian
КУЛТУРА
3 мин читање
Јубилејното 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ од 5 до 12 јуни во Прилеп
Мотото на јубилејното издание е „Храбриот нов театар“, а фокусот на фестивалот е да ја презентира современата театарска продукција во насока на создавање нова естетика, изјави уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска
Јубилејното 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ од 5 до 12 јуни во Прилеп
Авторот во фокус - Дејан Дуковски ќе биде гостин на фестивалот, чиј покровител ќе биде претседателката Гордана Силјановска Давкова / Others

Јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп оваа година ќе се одржи од 5 до 12 јуни во Прилеп. Ова беше одлучено на Собранието на фестивалот, што се одржа минатата недела.

Според уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска, во тек се подготовките на фестивалот и тимот активно работи фестивалот да има достоен јубилеј, креативна програма и да се комплетира идејата за Прилеп како град театар.

„Авторот во фокус- Дејан Дуковски ќе биде наш гостин и заеднички ќе придонесеме за поголема афирмација на македонската драма. Освен постојаните активности на фестивалот, снимаме документарен филм кој треба да ја отслика историјата на фестивалот, но и да ни помогне во понатамошното креирање на современиот македонски театар. За мене, овој јубилеј е можност да се направи своевидна ретроспектива на претходниците, исклучителните театарски уметници кои го создале фестивалов и го одржувале со години, како и да се создаде мост кон иднината, која треба да ја донесат нашите наследници“, рече Стојаноска и додаде дека фокусот на фестивалот е да ја презентира современата театарска продукција во насока на создавање нова естетика.

Мотото на јубилејното издание е „Храбриот нов театар“, според насловот на денес култниот роман на Хаксли- „Храбриот нов свет“ (1932) е инспириран од репликата на Миранда во Шекспировата „Бура“: „О, чудо! Колку прекрасни суштества! / Ах, колку прекрасни биле луѓето! / И колку си среќен со нив, во Новиот Свет!“

Според Стојаноска, кога се слави голем јубилеј како што се шеесет години на најстариот и најзначаен театарски фестивал во Македонија, треба да се биде храбар и да се бара нешто ново.

„Слично како во светот на Хаксли, нашиот театар е диктиран од одредена политичка констелација. Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно- Театар без молк- свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата рамнодушност да му го заземе местото на театарот без желба да менува или да провоцира“, вели Стојаноска.

Таа додава дека фокусот на јубилејното издание е еден своевиден мост меѓу почитта кон минатото и отворањето на можностите на иднината.

„Мост меѓу традицијата што ја наследуваме и иднината што ја креираме. Шеесетгодишниот јубилеј е точката во која се спојуваат минатото и иднината, традиционалната театарска приказна и новата виртуелна реалност, со надеж дека кога ќе излеземе од комфор-зоната, ќе можеме да се охрабриме да го креираме нашиот нов свет/театар. Храбриот нов театар е нашиот крик против поларизацијата, против рамнодушноста и против некреативноста!“, рече Стојаноска.

За време на фестивалот ќе се одржат промоции, дискусии, тркалезни маси после секоја претстава, а исто така, ќе се реализира програмата „Драмолетање“ 2.0. Посебен ден ќе биде издвоен за творештвото на Авторот во фокус. За дизајнот на плакатот се погрижи Ема Велкова.

Покровител на фестивалот ќе биде претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Фестивалот и годинава ќе се реализира со поддршка на Министерството за култура и Град Прилеп.

Повеќе
Летонија доби нова влада по инцидентот со украински дрон што ја урна претходната владина коалиција
Венс: Одобрувањето на Трамп за договорот со Иран е сè уште неизвесно
Туркије им оддава почит на жртвите од расистичкиот напад во Солинген во 1993 година
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“