| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
Сите најнови регистрирани случаи од викендот наваму се лоцирани во Скопје Север и веќе е побарано од градоначалниците да посветат внимание на активностите во овој дел од градот, изјави министерот за здравство Сашо Клековски
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
Починатиот пациент бил жител на скопската Општина Гази Баба, кој повеќе од 38 дена бил хоспитализиран и се борел со болеста

Седмиот смртен случај како последица на западнонилската треска е регистриран во државата, потврди на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.

Починатиот пациент бил на возраст од 69 години, жител на скопската Општина Гази Баба, кој повеќе од 38 дена бил хоспитализиран и се борел со болеста.

„Во врска со состојбата со западнонилска треска, од моето последно известување, имаме еден починат. Тоа е пациент кој најдолго беше хоспитализиран- преку 38 дена во болницата“, рече Клековски.

Според него, сите најнови регистрирани случаи од викендот наваму се лоцирани во Скопје Север и додаде дека веќе е побарано од градоначалниците да посветат внимание на активностите во овој дел од градот.

Клековски рече дека има и нов сомнителен случај кој е од населбата Радишани.

Во однос на хоспитализираните пациенти, рече дека вкупниот број во моментот изнесува 19 лица.

Прашан зошто сите смртни случаи од западнонилска треска се мажи, Клековски појасни дека ова е демографска карактеристика забележана и во големи светски студии, каде што стапката на заболување со невроинвазивна форма и смртноста е значително поголема кај машкиот пол.

„Најголемата студија е во Америка на над 3 000 случаи. Во таа студија е јасно дека и морбидитетот, односно стапката на заболување со невроинвазивната форма, и смртноста е поголема кај мажите“, одговори тој.

Во Македонија додаде дека морбидитетот е 3,7 : 1 однос мажи – жени.

Тој вели дека други две состојби се поврзани со заболувањето и смртноста, а тоа се хроничната бубрежна болест и претходните мозочни удари (цереброваскуларни инциденти), кои статистички почесто ги погодуваат мажите.

„Можно е, хипотетички, кај мажите да се почести цереброваскуларните инциденти, бидејќи знаеме дека статистички жените, посебно во добар дел од животот, се заштитени од кардиоваскуларни инциденти“, додаде Клековски.

На прес-конференцијата на 1 септември, министерот Клековски рече дека од почетокот на епидемијата во земјава до тој ден се регистрирани 55 случаи на заболени од западнонислка треска, од кои 53 лица се лабораториски потврдени.

Тој информира дека е регистрирана уште една, трета угината птица, кај која е потврден вирусот западен нил.

Станува збор за гавран кој е лоциран на територијата на Општина Карпош, поточно кај Драмскиот театар.

Клековски апелира до граѓаните да не пријавуваат одамна угинати, изедени и распаднати птици бидејќи на нив не можат да се извршат тестирања.

Посочи фокусот на пријавување да бидат гаврани, а напомена дека тој од Скопје сега ќе биде пренасочен кон внатрешноста, бидејќи состојбата во главниот град отприлика е позната.

Според министерот, наодите од внатрешноста на државата ќе бидат епидемиолошки поважни отколку наодите во Скопје.

Повеќе
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија
Туркије и Либан ги истражуваат можностите за проширена соработка во секторите на нафта и гас
Русија уништи 37 дронови што летаа кон Москва
Маѓар: Унгарија не поддржува забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
Лавров: Русија ги затвора филијалите на Гете-институтот како одговор на потегот на Германија
Земјите од Г20 постигнаа консензус за глобалната политика за технологијата