| Macedonian
РЕГИОН
5 мин читање
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар, изрази задоволство од основањето Центар за истражувања на Туркије во рамките на универзитетот, посочувајќи дека Центарот претставува важен чекор што ќе го зајакне академскиот капацитет на ИБУ
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Цел е Центарот да го обедини постојното академско искуство на ИБУ и меѓународните академски врски на ТМВ

Во рамките на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), во соработка со Фондацијата „Маариф“ на Туркије (ТМВ), е основан Центар за истражувања на Туркије.

Центарот, кој Туркије ќе ја разгледува на регионално и глобално ниво преку политиката, економијата, јазикот, културата, образованието и сродните дисциплини, ќе придонесе академските истражувања, научните активности и издавачките активности во областа на турските студии да се спроведуваат во рамките на единствена институционална структура. За директорка на Центарот е именуван доц. д-р Сејхан Муртезан Ибрахими.

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар, изрази задоволство од основањето Центар за истражувања на Туркије во рамките на универзитетот, посочувајќи дека Центарот претставува важен чекор што ќе го зајакне академскиот капацитет на ИБУ, како и академскиот и културниот развој на регионот.

Сунар истакна дека истражувањата за Туркије се важно поле за истражување не само за разбирање на Туркије, туку и за разбирање на историските, културните, економските и академските односи меѓу Туркије и Балканот, додавајќи дека Центарот ќе создаде академска платформа што ќе ја обедини академската фела од различни дисциплини.

Цел е Центарот да го обедини постојното академско искуство на ИБУ и меѓународните академски врски на ТМВ, создавајќи основа за квалитетни истражувачки и издавачки активности.

Истражувањата за Туркије ќе се разгледуваат од различни дисциплини

Во рамките на Центарот за истражувања на Туркије ќе се спроведуваат истражувања за внатрешната и надворешната политика на Туркије, јавните политики и регионалните односи, како и за турската економија, трговијата, инвестициите, развојот и регионалната интеграција.

Меѓу областите на работа на Центарот ќе бидат и турскиот јазик и култура, културната дипломатија, образовните политики, обуката на наставници и компаративните образовни студии и дисциплини како историја, социологија, медиуми и комуникации и право.

Центарот, покрај формирањето истражувачки проекти и тематски работни групи, ќе спроведува активности за создавање заеднички истражувачки мрежи, производство на податоци и извештаи, како и, доколку е потребно, подготовка на политички белешки.

Во рамките на научните активности се планираат работилници и методолошки активности, серии семинари, програми со гостински предавачи, како и симпозиуми, конгреси и конференции со национално и меѓународно учество.

Ззајакнување на поврзаноста со Центарот за истражувања на Туркије на ИБУ

Во рамките на образовните активности на Центарот се предвидува додипломските програми за наставници по турски јазик и за одделенска настава на турски јазик во рамките на ИБУ, магистерските програми по турски јазик и литература и турско образование, како и докторската програма по турски јазик и литература да бидат поврзани со Центарот.

Дополнително, цел е во рамките на Центарот да се реализира и магистерска програма за истражувања на Туркије.

Во областа на издаваштвото, во рамките на Балкан Универзитет Прес се планира подготвување серии книги на тема истражувања на Туркије, на среден и долг рок основање рецензирано академско списание и воспоставување одржлив издавачки календар.

Директорката на Центарот, Ибрахими: Туркије ќе ја проучуваме и од балканска перспектива

Директорката на Центарот, доц. д-р Сејхан Муртезан Ибрахими, изјави дека основањето на Центарот претставува важна академска можност за истражувањата на Туркије.

Ибрахими посочи дека една од основните цели на Центарот е создавање квалитетно и интердисциплинарно академско знаење за Туркије, додавајќи дека истражувањата ќе ги опфаќаат и односите меѓу Балканот и Туркије.

„Како Центар за истражувања на Туркије, наша основна цел е да го зголемиме квалитетното академско продуцирање во областа на истражувањата на Туркије и работата во оваа област да ја спроведуваме во одржлива институционална структура. Цел ни е Туркије да ја разгледуваме не само преку една дисциплина, туку со придонес од различни области, како политика, економија, јазик, култура, образование, историја, социологија, медиуми и право“, истакна Ибрахими.

Посочувајќи дека сакаат постојниот академски капацитет на ИБУ да го искористат во рамките на посилна истражувачка мрежа, Ибрахими рече дека во ИБУ постојат важни додипломски и постдипломски програми што директно се поврзани со Туркије и дека Центарот ќе придонесе ова академско искуство да стане повидливо преку истражувачки проекти, научни собири и издавачки активности.

„За нас Балканот е важна област на истражување. Историските, културните, економските и политичките односи на Туркије со Балканот претставуваат еден од важните аспекти на истражувања на Туркије. Поради тоа, сакаме да ги поддржиме истражувањата што ја разгледуваат Туркије и од балканска перспектива и да ја зајакнеме академската интеракција меѓу Туркије и Балканот“, додаде таа.

Покрај формирањето истражувачки проекти и тематски работни групи, Ибрахими кажа дека планираат да организираат семинари, работилници, конференции и академски собири, посветувајќи внимание на издавачките активности. „На долг рок цел ни е да создадеме редовна и квалитетна издавачка структура поврзана со меѓународните академски мрежи“, рече Ибрахими.

Меѓународни академски соработки

Се предвидува работата на Центарот за истражувања на Туркије, кој академски е позициониран во рамките на ИБУ, да се одвива во согласност со принципите на академски квалитет, транспарентно управување, редовно известување и годишен план за активности.

Со механизмот за координација што ќе биде воспоставен со ТМВ се цели Центарот да се развива во согласност со меѓународните академски мрежи, а се планира ТМВ да обезбедува финансиска поддршка за Центарот, да придонесува за ангажирање академски кадар од Туркије од соодветната област во Центарот и да обезбедува поддршка за координација и управување со мрежата со другите центри што ќе бидат основани на глобално ниво.

Со Центарот за истражувања на Туркије се цели да се создаде одржлив истражувачки екосистем во областа на истражувањата за Туркије, да се зајакне соработката со регионалните и меѓународните академски мрежи и да се зголеми академската видливост на ИБУ, преку редовни активности и публикации да им се понудат квалитетни информации на академската заедница и јавноста.

Извор: АА

Повеќе
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
Тревога во Германија: Трет сомнителен напад врз електричната мрежа за само седум дена
Владата на Мелони најдолго на власт во историјата на Италија
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Мадуро побара од американскиот судија да ги отфрли обвиненијата против негo, се повикува на имунитет
Туркије ги осудува израелските акции во Сирија, Либан и Палестина
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
УНИЦЕФ: Секое петто дете во 21 земја доживеало сексуална злоупотреба овозможена со технологија