| Macedonian
Качир: Туркије ќе прерасне во водечка земја во областа на вештачка интелигенција
Качир на самитот „GITEX AI Türkiye“ во Истанбул рече дека владата спроведува сеопфатна поддршка за проширување на иновацискиот екосистем на земјата
Качир: Туркије ќе прерасне во водечка земја во областа на вештачка интелигенција
Качир: Туркије ќе прерасне во водечка земја во областа на вештачка интелигенција

Туркије планира да се позиционира меѓу водечките земји во областа на вештачката интелигенција (ВИ) преку големи инвестиции и нов национален акциски план, изјави Мехмет Фатих Качир министерот за индустрија и технологија на Туркије.

Качир на самитот „GITEX AI Türkiye“ во Истанбул рече дека владата спроведува сеопфатна поддршка за проширување на иновацискиот екосистем на земјата.

Тој истакна дека Туркије сега располага со 1.700 центри за истражување и развој и поддржува повеќе од 13.000 компании во 115 технопаркови.

Јавните механизми од типот „фонд за фондови“ мобилизираа 2,8 милијарди долари за екосистемот на стартап-компании, додека неодамна најавената распределба од 300 милиони долари за фондови за ризичен капитал се очекува да привлече повеќе од 750 милиони долари во секторот, рече Качир.

Туркије има осум „еднорози“ (компании со вредност над една милијарда долари), познати на домашно ниво како „Туркорни“ (Turcorns), и има за цел да основа 100.000 технолошки стартап-компании, додаде тој.

Владата, исто така, го претвора поранешниот терминал на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во, како што го опиша Качир, најголемиот центар за стартап-компании во светот, со цел да се зајакне позицијата на Истанбул како меѓународен технолошки центар.

Инвестиции и инфраструктура за вештачка интелигенција

Качир изјави дека Туркије ќе издвои 150 милиони долари јавни средства за фондови за ризичен капитал фокусирани на вештачката интелигенција.

Владината програма „HIT-30“, вредна 30 милијарди долари, вклучува повик за проекти за вештачка интелигенција во вредност од 1,6 милијарди долари, насочени кон забрзување на дигиталната трансформација.

Во рамките на Акцискиот план за вештачка интелигенција за периодот 2026–2030 година, Туркије планира да издвои најмалку 2 отсто од програмите за јавни инвестиции за проекти поврзани со вештачката интелигенција.

До 2030 година, земјата има за цел да го зголеми капацитетот на центрите за податоци на еден гигават и да мобилизира најмалку 10 милијарди долари приватни инвестиции во облак-технологии и дигитална инфраструктура.

Качир исто така најави дека владата наскоро ќе им ја стави на располагање на програмерите првата верзија на „BILGE“ – турски голем јазичен модел.

Тој го истакна и националниот електричен автомобил „Togg“, наведувајќи дека речиси 120.000 од овие возила веќе се движат по патиштата во Туркије.

Повеќе
Неколкумина загинати и повредени во несреќа на туристички автобус во Швајцарија
Повеќе експлозии одекнаа во близина на базата Ербил во Ирак
САД нема да извршат напади врз Хутите по барање на Саудиска Арабија
Туркије и Италија потпишаа договор за соработка во областа на трудот и социјалните политики
Шпанскиот Конгрес го поддржува државјанството за жителите на Западна Сахара родени пред 1977 година
Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај  Ласкарци и случајот го врати на повторно судење
САД ги притискаат сојузниците од НАТО да го распуштат МКС и да се повлечат од основачкиот договор
Август најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ-Коперник
ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Штип
Трамп вети по 5.000 долари за секој граѓанин ако републиканците победат на средорочните избори
Листата на есенцијални лекови ажурирана по повеќе од една деценија
Руте: Треба да се направи многу повеќе за НАТО да биде предводен од Европа
За Американците домашниот тероризам е поголема закана од странски напади, 25 години по 11 септември
Туркије се фокусира на квантната и вселенската технологија во новиот истражувачки и развоен поттик
Клековски: Западнонилската треска стивнува, хоспитализирани шест пациенти на Инфективна