„Од Гази Баба ја згази Европа“. Со овој наслов македонскиот весник „Нова Македонија“ во февруари 1993 година, ја објави радосната вест за каратистот Елвир Куртановиќ, првиот европски шампион од прогласувањето на македонската независност.
На Европското првенство во Кардиф, Велс, Куртановиќ беше прв и го освои златниот медал, првата спортска гордост во тогаш младата држава која само пред две години прогласи независност.
Во разговор за ТРТ Балкан, Куртановиќ говореше за тоа што значеше тогаш овој спортски успех за него лично и за макеоднскиот спорт и како тој повеќе од две децении успешно „плива“ во тренерските води, водејќи го карате клубот „Кеикс“.