| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 мин читање
Жените од Кајсери ги претвораат камењата во кукли, негувајќи ја анадолската култура
Телото на куклата го правиме од камењата што ни ги дава природата, сами подготвуваме керамичка глина од која ја обликуваме облеката, велат учесничките на курсот чија мисија е повторно да ги извадат на светлина заборавените вредности на својата земја
Жените од Кајсери ги претвораат камењата во кукли, негувајќи ја анадолската култура
Овие кукли многу се бараат во туристичките места како сувенири, а предизвикуваат огромна радост кај децата и жените / AA

Жените што посетуваат курс во Институтот за доусовршување во турскиот град Кајсери со многу љубов ги претвораат камењата од природата во прекрасни камени кукли што ги отсликуваат духот и традицијата на Анадолија.

Под будното око на наставниците по ракотворби и искусните мајстори, 12 учеснички на курсот ги оживуваат обичните камења. Со помош на керамичка глина, парчиња ткаенина и бои, тие ги претвораат во уникатни кукли облечени во традиционална народна облека од овој крај.

Директорот на Институтот, Али Дурмуш, за Агенција Анадолу рече дека нивна главна мисија е повторно да ги извадат на светлина заборавените вредности на својата земја.

Нагласувајќи дека за изработка на овие кукли се потребни многу трпение и труд, Дурмуш додаде:

„Нашите учеснички, заедно со наставниците, внимателно од природата ги избираат и ги собираат рамните камења што се најпогодни за обликување на телото на куклата. Тука ги обработуваат и им даваат човечки лик. На овој начин создаваат прекрасни украси, но и придонесуваат за семејниот буџет. На крајот на курсот подготвуваме изложба и секоја учесничка си ја зема својата творба. Овие кукли многу се бараат во туристичките места како сувенири, а предизвикуваат огромна радост кај децата и жените.“

Наставничката по ракотворби, Мехтап Шавран, вели дека заедно со 12 учеснички изработуваат уникатни кукли од камен, а нивната изработка е вештина за која е потребно мајсторство.

„Телото на куклата го правиме од камењата што ни ги дава природата. Сами подготвуваме керамичка глина од која ја обликуваме облеката. Најчесто ги избираме традиционалните народни носии што ги отсликуваат нашето минато и култура, но секако ја слушаме и креативната желба на секоја учесничка. Глината ја подготвуваме од лепило, пченичен скроб и глицерин за да има совршена мекост. Со неа ги составуваме деловите на телото и ја добиваме слоевитоста на облеката“, објаснува Шавран.

Шавран додава дека курсот се одржува шест дена во неделата и дека жените работат со огромен ентузијазам.

„Бидејќи учесничките сами ги обезбедуваат другите материјали, тие си ги носат куклите дома – некои им ги подаруваат на саканите, некои ги чуваат како украси, а некои ги продаваат. Најубаво е што природата ни ги дава камењата бесплатно, а ние со малку труд ги претвораме во уметнички дела“, вели таа.

Меѓу учесничките е и 70-годишната Нурије Акаја, која дошла на курсот за квалитетно да го исполни слободното време.

Таа рече дека создавањето со сопствени раце и дружењето со жените ја прават неизмерно среќна.

Педесет и седумгодишната Серпил Налчаџиоглу, пак, го опишува овој процес како вистинска терапија.

„Тука се ослободуваме од секојдневниот стрес. Прекрасно е чувството кога еден обичен камен ќе го претворите во уметничко дело. Никогаш претходно не сум знаела за овие кукли, првпат ги правам и чувството е волшебна, особено кога ќе го видите крајниот резултат. Им препорачувам на сите да дојдат и времето да го исполнат на ваков креативен начин. Едноставно, тука атмосферата е прекрасна“, порача Серпил.

Извор: АА

Повеќе
Турскиот и узбекистанскиот претседател се сретнаа во казахстанскиот град Туркистан
Туркије и Казахстан го зајакнуваат партнерството во одбраната и енергетиката со нови договори
Ердоган ја истакна важноста на Средниот коридор како современа верзија на Патот на свилата
Прево: Белгија „целосно се залага“ за обновена царинска унија Туркије-ЕУ
Туркије го отфрли грчкиот приговор на терминот „Турски теснец“ во писмо до ОН
Туркије ги отфрла како „целосно неосновани“ тврдењата за мешање во политиката на Сомалија
Првата дама на Туркије: На Форумот за нула отпад ќе се дискутира за климатските промени
Туркије вели дека бирократските подготовки се завршени за директна трговија со Ерменија
Ердоган: Туркије го заштити синџирот на снабдување со храна и покрај глобалните конфликти
Есра Албајрак: Светот има потреба од нови глобални центри на мудрост надвор од Западот
Турско-белгиски бизнис форум: Стремеж кон подлабоки трговски односи и инвестициски врски
Прево: Белгија гледа значаен потенцијал за продлабочување на стратегиското партнерство со Туркије
Што го прави Орду различен од остатокот од Туркије
Љубов проткаена во килими: Пензиониран сметководител со сопругата создаваат уметност од отпад
Турските одбранбени компании потпишаа договори за извоз вредни 8 милијарди долари на САХА 2026
Турската бизнис група ја повикува Европа да го оживее членството на Туркије во ЕУ
Турска „АРЏА“ ќе отвори фабрика за муниција во Естонија
Зошто ракетата Јилдиримхан е голем поттик за стратешките капацитети на Туркије за одвраќање?
Туркије цели кон глобалниот пазар на одбрана со високотехнолошки арсенал за електронско војување
Туркије ја промовира имплементацијата- безбедноста на водата во центарот на вниманието на ЦOП31