| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Бразил го намали нивото на дипломатските односи со Аргентина
Според бразилскиот весник Глобо, одлуката следувала по серијата критички изјави што аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во последните недели ги упатил кон бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва и други бразилски официјални претставници
Бразил го намали нивото на дипломатските односи со Аргентина
Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва

Бразил го намали нивото на дипломатските односи со Аргентина на ниво на вршител на должност, јавија бразилските медиуми, повикувајќи се на извори од Министерството за надворешни работи.

Според бразилскиот весник „О Глобо“, одлуката следувала по серијата критички изјави што аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во последните недели ги упатил кон бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва и други бразилски официјални претставници.

Според наводите, бразилското Министерство за надворешни работи писмено го известило аргентинскиот амбасадор во Бразилија, Даниел Раимонди, за одлуката дипломатските односи да се сведат на ниво на вршител на должност.

Според изворот, ваквиот потег значително ги намалува шансите Раимонди да остане во Бразил, но не претставува формално протерување.

Во меѓувреме, бразилското Министерство за надворешни работи го повикало својот амбасадор во Буенос Аирес, Хулио Бители, да се врати во Бразилија на консултации.

Според „О Глобо“, Бители нема да се врати во Аргентина сè додека не биде решен дипломатскиот спор.

Бразил не објави прекин на дипломатските односи со Аргентина ниту затворање на својата амбасада, но намалувањето на нивото на дипломатско претставување е една од најострите дипломатски реакции на Бразил кон Владата на Милеј досега.

Во соопштение на аргентинското Министерство за надворешни работи, објавено од весникот „Ла Насион“, се наведува дека Аргентина изразува жалење поради одлуката на Бразил да ги намали билатералните дипломатски односи.

Аргентина жали што Бразил одлучил „да продолжи да се изолира од остатокот на регионот од чисто идеолошки причини“, се наведува во соопштението на Министерството.

Повеќе
Трамп: Наскоро ќе постигнеме договор или Иран ќе биде погоден со сета сила
Три лица повредени во Киев во руските напади со балистички ракети
Мешањето на САД го одложува договорот меѓу Иран и Оман за Ормутскиот Теснец
Водата во Гостивар останува небезбедна за пиење
Азербејџан не гледа пречка за мировен договор со Ерменија ако се отстрани територијалната претензија
Извештај: Иран и Оман се блиску до договор за повторно отворање на Ормускиот Tеснец
Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на министерски состанок за Ерусалим во Јордан
Бензините од полноќ поевтини, дизелот поскапува за еден денар
Либан и Израел започнаа со седмата рунда директни преговори во Рим
Анкара сериозно загрижена поради нападите врз турски цивилни бродови во Црното Море
Притвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Камени кукли“
Израелските окупатори запалија 3 палестински возила и оштетија електрична мрежа на Западниот Брег
САД депортираат Венецуелци за првпат по смртоносните земјотреси во јуни
„Арамко“ објави повисоки приходи, бидејќи војната меѓу САД и Иран ги зголеми цените на нафтата
Товарен брод погоден од непознат проектил кај Оман