Руски ракети го погодија главниот град на Украина рано наутро, при што беа повредени најмалку три лица и беа оштетени згради, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Кличко на Телеграм напиша дека Киев и околниот регион биле нападнати со балистички ракети, при што повеќе проектили биле насочени кон градот додека силите за воздушна одбрана се справувале со повеќе цели.
Тој рече дека ударите и паѓањето на остатоци предизвикале штета во неколку области, вклучувајќи ги Оболон, Холосиевски, Десњански и Свјатошински.
„Лекарите хоспитализираа три лица повредени во непријателскиот напад. Едно од нив е во сериозна состојба“, рече тој.
Кличко рече дека можеби сè уште има луѓе заробени под урнатините и дека е во тек операција за пребарување и спасување.





















