| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Русија бара екстрадиција за членовите на МКС кои ги судеше во отсуство
Јапонија ги осуди барањата на руското обвинителство. Портпаролот на владата, Масанао Озаки, рече дека мерките се „неоправдани и неприфатливи“
Русија бара екстрадиција за членовите на МКС кои ги судеше во отсуство
Русија бара екстрадиција за членовите на МКС кои ги судеше во отсуство

Русија побара од Холандија да екстрадира девет службеници на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кои се осудени од страна на рускиот суд во отсуство.

Канцеларијата на рускиот генерален обвинител соопшти дека испратила барања до „голем број други земји“ со кои бара притворање и екстрадиција на функционерите, вклучувајќи ја и претседателката на МКС, Томоко Акане.

Градскиот суд во Москва ги прогласи деветтемина за виновни во отсуство во декември 2025 година за кривични дела, вклучувајќи свесно доведување на невино лице пред кривична одговорност, незаконско притворање и напади врз меѓународно заштитени лица или институции. Тие добија затворски казни од три и пол до 15 години.

Во 2023 година, МКС издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Алексеевна Лaвова-Белова, претседателска комесарка за правата на децата, за наводни воени злосторства во Украина.

Овој потег доаѓа и во време на санкции на САД врз претставници на МКС, вклучувајќи ja и Акане, којa е јапонски државјанка. САД во јули започнаа „кампања за отстранување на заканата што ја претставува Меѓународниот кривичен суд за суверенитетот на САД“. Во 2020 година, судот одобри истрага за наводни злосторства извршени од американски воен персонал во Авганистан.

Јапонија ги осуди барањата на руското обвинителство. Портпаролот на владата, Масанао Озаки, рече дека мерките се „неоправдани и неприфатливи“.

Владата во Токио има намера да „реагира соодветно, вклучително и со понатамошни претставки до Русија“ и „одржување комуникација со МКС и другите држави-страни“, додаде Озаки.

Иако Јапонија е држава-страна на Римскиот статут, со кој судот беше основан во 2002 година, Русија и САД не се.

Повеќе
Агенти на ИЦE застрелале човек во автомобил со дете во Њујорк
Фидан: Одбранбениот пакт од Мека не дозволува напади врз други земји
Претседателите на Иран и Русија разговараа за унапредување на стратешката соработка
Мексико ќе истражува дали припадници на нарко-картели војуваат во Украина
Русија бара екстрадиција за членовите на МКС кои ги судеше во отсуство
Нетанјаху манипулирал со предупредувањата пред 7 октомври за да го заштити својот углед
Трамп: САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори
Туркије и Франција потпишаа патоказ за продлабочување на врските во одбраната и безбедноста
Иран го разгледува одговорот на САД на седумдневниот план за повторно отворање на Ормуз
Туркије и Кина потпишаа договор за сателитски технологии на астронаутичкиот конгрес во Анталија
Муцунски на средба со Петрова Чамова: Позициите со Бугарија по суштинските прашања и натаму далечни
Обвинителство не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претедателката Силјановска Давкова
Сите 63 рудари од Трепча излегоа безбедно на површина
Муцунски од Софија: Коридорот 8 е повеќе од транспортна маршрута, ги поврзува Јадранот и Црното Море
Фидан: Туркије ги завршува подготовките за поднесување на Одбранбениот пакт од Мека до Парламентот