| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски од Софија: Коридорот 8 е повеќе од транспортна маршрута, ги поврзува Јадранот и Црното Море
Во своето обраќање, Муцунски истакна дека Коридорот 8 одамна ги надминува рамките на традиционалната транспортна инфраструктура и денес има суштинско европско, економско и безбедносно значење
Муцунски од Софија: Коридорот 8 е повеќе од транспортна маршрута, ги поврзува Јадранот и Црното Море
Муцунски денеска треба да има и средба со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес учествува на Меѓународната конференција за Коридорот 8 во Софија, каде што говореше на панелот на високо ниво посветен на неговото геостратегиско значење.

Во услови на променета геополитичка реалност и зголемени безбедносни и економски предизвици, учесниците ја реафирмираа позицијата дека инфраструктурните проекти долж Коридорот 8 треба да функционираат како единствен прекуграничен систем, а не како серија одвоени проекти што завршуваат на државните граници.

Во своето обраќање, Муцунски истакна дека Коридорот 8 одамна ги надминува рамките на традиционалната транспортна инфраструктура и денес има суштинско европско, економско и безбедносно значење.

Тој нагласи дека коридорот претставува стратешка визија што ги поврзува Јадранското и Црното Море, Европската Унија и Западен Балкан, како и економиите, општествата и безбедносните интереси на земјите долж неговата траса.

„Во време на геополитичка фрагментација, нарушени синџири на снабдување и обновена конкуренција за критичната инфраструктура, ваквите коридори претставуваат инструменти за отпорност, стабилност и заеднички просперитет“, истакна Муцунски, додавајќи дека Коридорот 8 е национален стратешки приоритет и важен дел од пошироките напори за интегрирање на Западен Балкан во европската економска и инфраструктурна архитектура.

Посебен акцент беше ставен на потребата политичките договори да се преточат во конкретна реализација.

Во тој контекст, министерот се осврнал на стапувањето во сила на Спогодбата со Бугарија за подготовка, изградба и функционирање на прекуграничниот железнички тунел, како и на досегашната работа на Заедничката комисија задолжена за нејзино спроведување.

Муцунски нагласил дека Коридорот 8 мора да се развива како единствен прекуграничен систем, со усогласена динамика долж целата траса.

„Нашите граѓани и нашите европски партнери, на крајот, ќе го оценуваат Коридорот 8 според инфраструктурата што навистина ќе ја изградиме, а не според бројот на средби што ќе ги одржиме“, порача тој.

На конференцијата беше истакнато и поширокото значење на Коридорот 8 како платформа за соработка во транспортот, енергетиката, дигиталното поврзување, трговијата, инвестициите, логистиката и безбедноста.

Министерот Муцунски ја потврди подготвеноста за натамошна тесна соработка со Бугарија, Албанија и европските партнери во надминувањето на тесните грла, обезбедувањето финансиски средства и забрзувањето на реализацијата на Коридорот 8.

Воедно, ја потврди и подготвеноста на нашата држава да биде домаќин на следната министерска средба за Коридорот VIII, нагласувајќи дека неговата реализација треба да придонесе кон посилна регионална поврзаност, безбедност, просперитет и европска интеграција.

Повеќе
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
Муцунски на средба со Петрова Чамова: Позициите со Бугарија по суштинските прашања и натаму далечни
Обвинителство не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претедателката Силјановска Давкова
Сите 63 рудари од Трепча излегоа безбедно на површина
Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
ЕУ повикува на брзо формирање на власта во БиХ по одржаните избори
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Туркије, Алпер Акташ
Серафимовки-Муја: Посилна институционална соработка во земјоделството со Косово
Јустина Широка Пула избрана за претседателка на Косово
Курти ја предложи Јустина Широка Пуља за кандидат за претседател на Косово за да избегне нова криза
Два бродови погодени со дронови во Црното Море кај Бугарија, едниот потонал
Следната недела почнува изградбата на гасната интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија
Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите кои го блокираа косовското Собрание
Колкава е штетата од пожарите на отворено?
Стопанската комора предлага намалување на бројот на неработни денови
Од полноќ поевтини и бензините и дизелот
Пријавени дојави за бомби во образовни установи во главниот град на Бугарија
Дер Лaјен ѝ порача на Сиљановска Давкова: Спорот со Софија може да се надмине со средби и дијалог
Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Да нема нови билатерални условувања на патот кон ЕУ
Општи избори во БиХ во недела, за прв пат се воведуваат нови изборни технологии