| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Обвинителство не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претедателката Силјановска Давкова
Констатирани се одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои може да претставуваат потенцијален безбедносен ризик, но не биле утврдени дигитални докази за извршување на кривични дела, рекоа од ОЈОГООК
Обвинителство не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претедателката Силјановска Давкова
Не се утврдени дигитални траги за неовластено навлегување во компјутерскиот систем, ниту докази за снимање и прибирање класифицирани податоци

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата Гордана Силјановска- Давкова, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„По спроведена предистражна постапка во однос на наводите од поднесената кривична пријава со сомненија за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на Република Северна Македонија и неовластено прибирање податоци, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.

Според ОЈОГОКК во текот на постапката, со наредба од Основниот кривичен суд била обезбедена компјутерска опрема врз која се извршени информатичко-форензички анализи.

Били анализирани и податоци од мобилни уреди и биле прибрани и известувања од лица запознаени со настанот.

„Според извештаите на Секторот за компјутерски криминал при МВР, не се утврдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во компјутерскиот систем, ниту се пронајдени докази за снимање и прибирање класифицирани податоци. При анализите се констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален безбедносен ризик, но не биле утврдени дигитални докази за извршување на пријавените кривични дела“, соопшти ОЈОГООК.

Според обвинителството, по оценка на сите прибрани докази, надлежниот јавен обвинител утврди дека не се исполнети законските обележја на кривичните дела „Оддавање државна тајна“ од член 317 и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од член 251 од Кривичниот законик, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Индициите и сомнежите за наводната шпионажа во кабинетот на претседателката преку анонимна кривична пријава му беа доставени на Обвинителството.

Повеќе
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
Муцунски на средба со Петрова Чамова: Позициите со Бугарија по суштинските прашања и натаму далечни
Сите 63 рудари од Трепча излегоа безбедно на површина
Муцунски од Софија: Коридорот 8 е повеќе од транспортна маршрута, ги поврзува Јадранот и Црното Море
Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
ЕУ повикува на брзо формирање на власта во БиХ по одржаните избори
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Туркије, Алпер Акташ
Серафимовки-Муја: Посилна институционална соработка во земјоделството со Косово
Јустина Широка Пула избрана за претседателка на Косово
Курти ја предложи Јустина Широка Пуља за кандидат за претседател на Косово за да избегне нова криза
Два бродови погодени со дронови во Црното Море кај Бугарија, едниот потонал
Следната недела почнува изградбата на гасната интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија
Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите кои го блокираа косовското Собрание
Колкава е штетата од пожарите на отворено?
Стопанската комора предлага намалување на бројот на неработни денови
Од полноќ поевтини и бензините и дизелот
Пријавени дојави за бомби во образовни установи во главниот град на Бугарија
Дер Лaјен ѝ порача на Сиљановска Давкова: Спорот со Софија може да се надмине со средби и дијалог
Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Да нема нови билатерални условувања на патот кон ЕУ
Општи избори во БиХ во недела, за прв пат се воведуваат нови изборни технологии