Американските агенти за имиграција застрелаа и ранија човек во автомобил со дете во населбата Марбл Хил во Њујорк во четврток, според градоначалникот, градската полиција и сведоците.
Откако републиканскиот претседател Доналд Трамп се врати на функцијата, федералните агенти за имиграција застрелале најмалку 21 лице, при што досега загинале седум.
Инцидентите предизвикаа протести низ САД. ж
Критичарите велат дека притисокот на Трамп да ги засили депортациите доведе до растечки број насилни судири и ја обвинуваат администрацијата дека ги штити агентите вклучени во инцидентите од последиците од нивните постапки.
Трамп рече дека многу мигранти мора да бидат депортирани, обвинувајќи ги, честопати во широка смисла, за финансиски измами и насилни злосторства.
Првичните извештаи покажуваат дека агентите го опколиле човекот и 5-годишното дете во неговиот автомобил пред да испукаат повеќе куршуми, изјави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани.
„Разговарав по телефон со претседателот Трамп и секретарот за внатрешна безбедност Мулин, преговарајќи за ослободување на човекот кој беше застрелан од агенти на ИЦE. Тие преговори не беа успешни“, рече Мамдани на прес-конференција доцна во ноќта.
Тој додаде дека побарал од администрацијата на Трамп ИЦЕ да ги суспендира операциите за спроведување на имиграциските процеси во Њујорк.
„Овие акции го прават градот помалку безбеден. Овој град сака ИЦЕ да се повлече. Сакаме ИЦЕ да се повлече од нашиот град, од нашите училишта, од нашите болници и од нашите улици и да се држи подалеку од нашите деца“, рече Мамдани.
Градоначалникот рече дека детето во автомобилот не било физички повредено.
Комесарот на полицијата на Њујорк, Џесика Тиш, рече дека НЈПД, откако ја проценила состојбата на детето го предала на член на семејството.
Министерството за внатрешна безбедност, кое е надглжно за ИЦЕ, соопшти дека агентите спроведувале планирана акција во општината Бронкс во Њујорк за да уапсат маж од Доминиканската Република со претходно криминално досие.
Според комесарот на њујоршката полиција, Тиш, станува збор за 28-годишен маж кој бил уапсен двапати во Њујорк, во 2023 и 2025 година.
За време на инцидентот, агент на ИЦЕ пукал од огнено оружје, ранувајќи недокументиран странски државјанин со претходно криминално досие, соопшти Министерството за внатрешна безбедност, додавајќи дека агентите на ИЦE веднаш пружиле медицинска помош. Мажот е жив и е во локална болница.
Пукањето се случило околу 16 часот по локално време.
Педро Алмарез, кој работи во ресторан во близина на местото на пукањето, рекол дека слушнал истрели и излегол надвор за да види неколку полицајци кои на облеката имале ознаки на ИЦE.
Имало три или четири автомобили со многу агенти на ИЦЕ, изјави Алмарез за Ројтерс. Тој додаде дека полицајците од њујоршката полиција пристигнале околу 10 минути подоцна, а човекот бил извлечен од автомобилот дури откако пристигнала брза помош.




















