| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Париз: Приведувањето на двајца француски дипломати во Техеран нема да остане неказнето
Овој напад открива дека овој режим се обидува, на сите начини, да ја обесхрабри Франција да продолжи да го поддржува иранскиот народ, но очигледно ние ќе продолжиме, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро
Париз: Приведувањето на двајца француски дипломати во Техеран нема да остане неказнето
Двајца француски дипломати го напуштија Иран во среда и ќе ги продолжат своите мисии од Париз до крајот на нивниот мандат, рече Баро

Апсењето на двајца француски дипломати во Техеран претставува „исклучително сериозна и однапред планирана агресија“ што нема да остане без последици, изјави денес францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

„Јасно е дека оваа агресија не може да остане неказнета, бидејќи, прво, е нелегална, а второ, не може да се опише со зборови. Франција моментално ги оценува сите достапни опции за одговор“, истакна тој.

Баро рече дека двајца вработени во француската амбасада во Иран биле „брутално приведени“ во приватен простор од страна на припадници на иранските безбедносни служби, а потоа држени речиси четири часа без можност за контакт со амбасадата или со некој друг.

Според него, дипломатите биле подложени на заплашување, додека еден од нив, советникот за култура на амбасадата, бил „злоставувуван и претепан“.

Баро оцени дека иранските власти немале основа за таква акција и дека го прекршиле дипломатскиот имунитет.

„Овој напад открива дека овој режим се обидува, на сите начини, да ја обесхрабри Франција да продолжи да го поддржува иранскиот народ, но очигледно ние ќе продолжиме“, рече Баро.

Двајца француски дипломати го напуштија Иран во среда и ќе продолжат со своите мисии од Париз до крајот на нивниот мандат, рече шефот на француската дипломатија.

„Тие се вратија во Париз вчера и се опкружени со целата поддршка што им е потребна по овој исклучително сериозен и однапред смислен напад на кој беа жртви. Тие ќе продолжат да ја извршуваат својата мисија до нејзиното завршување, но од Париз. Тоа е нивна желба. Тие се во шок“, рече тој.

Франција претходно го повика вршителот на должноста амбасадор на Иран во Париз во Министерството за надворешни работи и побара да се утврдат сите околности на инцидентот, како и одговорните да бидат казнети.

Повеќе
Задолжителни здравствени прегледи и вакцинации за некои странски работници во Хрватска
Париз: Приведувањето на двајца француски дипломати во Техеран нема да остане неказнето
Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 билиони долари за воени трошоци
Лавров и Рубио ги завршија разговорите во Манила
Ердоган го угости „Колаче, а не омраза“ момчето, Џошуа Харис, во Истанбул
Мотеги: Ќе продолжи да расте глобалната поддршка за Палестина
Иран продолжи со нападите врз воени објекти на САД во Јордан и Кувајт
Двајца загинати во американски напад врз граничен премин меѓу Иран и Ирак
Хутите тврдат дека нападнале саудиски танкери со ракети и дронови
Лавров и Рубио се сретнаа во Манила, но не одговараа на новинарски прашања
Судењето на Николас Мадуро и сопругата закажано за 1 јуни 2027 во САД
Зеленски разговараше со претставници на Трамп за дипломатските напори за завршување на војната
33 повредени лица во вчерашното невреме во Скопје
Бугарија одобри распоредување на американски авиони и персонал за операции на Блискиот исток
Утре средба Лавров – Рубио во Манила