| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 билиони долари за воени трошоци
Претставничкиот дом на Конгресот тесно го усвои Законот за национална одбрана за фискалната 2027 година, а според кој, се издвојуваат стотици милиони долари за заеднички воени проекти меѓу САД и Израел
Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 билиони долари за воени трошоци
За Законот гласаа 216 пратеници, мнозинството републиканци, а 212 демократи беа против него

Претставничкиот дом на Конгресот на Соединетите Американски Држави тесно ја усвои својата верзија на Законот за национална одбрана (НДAA) за фискалната 2027 година, со кој се одобруваат рекордни 1,15 билиони долари воени трошоци.

За законот 216 пратеници гласаа „за“, додека 212 беа „против“, објави Ројтерс.

Гласањето беше во голема мера по партиски линии, при што мнозинството републиканци ја поддржаа мерката, додека мнозинството демократи гласаа против неа.

НДAA вклучува неколку одредби кои издвојуваат стотици милиони долари за заеднички воени проекти меѓу Соединетите Американски Држави и Израел.

Некои демократи се обидоа да ја оспорат одредбата што предвидува зајакнување на безбедносната соработка меѓу САД и Израел, но нивниот предлог не доби поддршка.

Демократите се противат на износот на средства наменети за Пентагон во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и републиканците спроведуваат намалувања на средства за социјалните програми.

Противставувањето е предизвикано и од војната со Иран, за која Пентагон објави дека досега ги чинела САД 37,5 милијарди долари.

Повеќе
Задолжителни здравствени прегледи и вакцинации за некои странски работници во Хрватска
Париз: Приведувањето на двајца француски дипломати во Техеран нема да остане неказнето
Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 билиони долари за воени трошоци
Лавров и Рубио ги завршија разговорите во Манила
Ердоган го угости „Колаче, а не омраза“ момчето, Џошуа Харис, во Истанбул
Мотеги: Ќе продолжи да расте глобалната поддршка за Палестина
Иран продолжи со нападите врз воени објекти на САД во Јордан и Кувајт
Двајца загинати во американски напад врз граничен премин меѓу Иран и Ирак
Хутите тврдат дека нападнале саудиски танкери со ракети и дронови
Лавров и Рубио се сретнаа во Манила, но не одговараа на новинарски прашања
Судењето на Николас Мадуро и сопругата закажано за 1 јуни 2027 во САД
Зеленски разговараше со претставници на Трамп за дипломатските напори за завршување на војната
33 повредени лица во вчерашното невреме во Скопје
Бугарија одобри распоредување на американски авиони и персонал за операции на Блискиот исток
Утре средба Лавров – Рубио во Манила