| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Мицкоски со владина делегација во официјална политичка и економска посета на Австрија
Во рамки на посетата Мицкоски, како што најавуваат од Владата, ќе оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Кристијан Штокер на која ќе се разговара за продлабочување на билатералната соработка
Мицкоски со владина делегација во официјална политичка и економска посета на Австрија
Мицкоски со владина делегација во официјална политичка и економска посета на Австрија / Others

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета во Виена, Република Австрија. 

Во рамки на посетата Мицкоски, како што најавуваат од Владата, ќе оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Кристијан Штокер на која ќе се разговара за продлабочување на билатералната соработка, како и за важни и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот.

После средбата, премиерот и австрискиот канцелар ќе се обратат на бизнис форум пред претставници на стопанските здруженија на двете држави на кои ќе се реафирмира одличната економска соработка и ќе се претстават можности за нови инвестиции и продлабочување на соработката меѓу австриските и македонските компании. 

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,  министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Кој е Кол Ален- човекот од Калифорнија, кој пукаше на гала вечерата на која беше Трамп
Што предлага Техеран за да се стави крај на американско-израелската војна со Иран?
Трамп го поддржува предлогот за преименување на ИЦЕ во НИЦЕ во објава на социјалните медиуми
Тројца убиени во најнов американски напад врз брод што наводно шверцувал дрога во Пацификот
Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јапонскиот остров Хокаидо
Арагчи слета во Москва додека Иран турка по дипломатски пат на сите фронтови
Израел уби 14 лица во напади во јужен Либан, додека прекинот на огнот се распаѓа
Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите
Муцунски за нападот врз Трамп: Насилството нема место во демократските општества
Ердоган во телефонски разговор со Трамп пукањето во Вашингтон го нарече „грозоморен чин“
Трамп потврди дека полицаец е застрелан на вечерата на дописниците од Белата куќа
Каш нуди повеќе од бегство на море во Туркије
Како Белгија го разоткри тајниот британски канал за снабдување на Израел со оружје
САД со сè помалку воени залихи: Колку е сериозен проблемот?
ЕУ поделена околу суспендирањето на договорот со Израел: кој е на која страна?