| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Не отстапуваме од националните интереси, но и од тоа да бидеме дел од европското семејство
Постепеното или градуално интегрирање претставува шанса и можност за сите нас, но тоа никако не смее да биде замена за полноправно членство во рамките на Европската Унија, рече Мицкоскипо Самитот на Берлинскиот процес што се одржа вчера во Милочер
Мицкоски: Не отстапуваме од националните интереси, но и од тоа да бидеме дел од европското семејство
Мицкоски ја предводеше македонската делегација на Самитот на кој се разговараше за забрзување на интеграцијата на регионот во Европската Унија

Ние се бориме, нема да отстапиме од борбата која што се однесува за македонските национални интереси, но исто така и нема да отстапиме од нашата стратешка цел, а тоа е да бидеме дел од европското семејство, онаму каде што припаѓаме, изјави премиерот Христијан Мицкоски по Самитот на Берлинскиот процес што се одржа вчера во Милочер, Црна Гора. 

„И за таа цел и за да ја видиме вистинската намера и цел на сите стејкхолдери во процесот, ние велиме добро, предуслов за се, дури и утре да се случи промена на Уставот е, ајде најпрвин да го договориме Акцискиот план за малцинствата, во којшто 26 земји членки јасно велат дека немаме проблем, една земја членка вели дека имаме проблем. Ајде ние со таа земја членка да седнеме и да договориме да видиме да го направиме тој документ да биде прифатлив за сите 27 земји членки, па потоа во втора фаза да зборуваме што е тоа што ние како влада го очекуваме, а што е тоа што треба ние како влада да го испорачаме, бидејќи овој документ, Акцискиот план за малцинства е документ којшто е предуслов за да продолжиме во процесот на преговори“, нагласи Мицкоски.

Претходно во изјава за Националниот сервис, премиерот рече дека очекува се она што го имаме постигнато во процесот на испорака во Реформската агенда, во многу скоро време да биде валоризирано и да се даде шанса конечно да можеме да го почнеме со процесот на преговори.

„Се испратија силни пораки, од канцеларот Мерц и од канцеларот Штокер којшто ќе биде ко-претседавач на следниот самит. Беше потврдена заложбата и приоритетите дека Западен Балкан треба да биде дел од Европа и треба тоа да се случи многу бргу. Она што за нас како држава е важно е фактот дека ние веќе имаме усогласена надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, дека сме многу напред во испорака кога станува збор за Реформската агента, дека буквално се што се бара од нас, а е поврзано со принципот по испорака да се оценува напредокот, ние тоа го правиме и го испорачуваме“, рече Мицкоски.

Премиерот изрази очекување дека сето ова за коешто зборува да биде во многу скоро време валоризирано и да се даде шанса конечно да можеме да го почнеме со процесот на преговори.

„Исто така истакнав дека постепеното или градуално интегрирање претставува шанса и можност за сите нас, но тоа никако не смее да биде замена за полноправно членство во рамките на Европската Унија“, подвлече Мицкоски.

Тој рече дека остварил неколку билатерални средби на кои ги информирал соговорниците за состојбата кај нас.

„Живееме во атмосфера на тивка трета светска војна која што ќе има големи предизвици врз човештвото. И она кое што беше кажано од страна на неколку од соговорниците кои имаат би рекол, условно кажано, можеби повеќе информации од тоа што јас имам, а тоа се високи претставници на самите Европска Унија, е дека следните две години ќе бидат исклучително исклучително предизвикувачки и тешки и треба да се води многу внимателно грижа за она што подразбира трошење, но и она што подразбира државна одговорност“ рече премиерот.

Повеќе
Осуммина загинаа во немири во затвори во Еквадор, соопштија властите
Пашинјан: Ерменија и Азербејџан може да го потпишат мировниот договор во периодот 2027-2028
Мерц смета дека Црна Гора е блиску до скоро приклучување кон ЕУ
Медиуми: Трамп бара од Маск да го укине ограничувањето на брзината на „Старлинк“ во Украина
Туркије и Канада воспоставувија стратешко партнерство
Карни: Врските на Канада и Туркије ќе се развиваат со генерации
Путин именува пет нови членови на руската влада
Гутереш: Ситуацијата во окупираниот Западен Брег е целосно надвор од контрола
Ердоган: Туркије и Канада ќе започнат разговори за слободна трговија пред крајот на годината
Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
Јаневска во Брисел: Создаваме услови да ги задржиме младите истражувачи и спречиме одлив на мозоци
Сараево домаќин на меѓународен саем за туризам, со повеќе од 200 претставници од осум земји
Во Истанбул започна 19-тиот Евроазиски економски форум „Верона“
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Курти: Време е Косово да добие статус на земја-кандидат и да ги отвори преговорите за членство во ЕУ