Во рамките на соработката помеѓу Институтот „Јунус Емре“ во Скопје (YEE) и ТАВ Македонија започнаа курсевите по турски јазик за вработените на Меѓународниот аеродром Скопје и за царинските службеници, пренесува Анадолу.
Според соопштението на YEE во Скопје, целта оваа програма за курсеви е персоналот да се обучи да може да го користи турскиот јазик правилно, ефективно и течно.
Курсевите по турски јазик, планирани на основно ниво A1.1 и A1.2 со вкупно 72 часа, ги посетуваат 50 лица преку хибриден модел на настава.
На курсистите им се нуди комуникациска настава по турски јазик за да им се олесни комуникацијата во секојдневниот живот.
Програмата, која се реализира со комбинирање настава со физичко присуство и онлајн часови, има цел курсистите да ги развиваат јазичните вештини преку практика.
Цел е со овие курсеви да се зголеми интересот за турскиот јазик кај персоналот што работи на аеродромот, како и да се зајакне комуникацијата, особено со турските туристи.
Во наставата се вклучени практични содржини насочени кон подобрување на секојдневните комуникациски вештини на учесниците.
Оваа соработка придонесува за зајакнување на институционалните односи помеѓу двете институции, а наедно создава важна основа за зголемување на културната интеракција.
YEE во Скопје соопшти дека се планира курсевите по турски јазик, кои предизвикаа голем интерес, да се организираат и во наредниот период на различни нивоа.


















