Нападите врз цивилни пловила би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите во Црното Море, што не би било во ничиј интерес, изјави во саботата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција со украинскиот колега Владимир Зеленски.
Ердоган наведе дека тој и Зеленски, кој во саботата пристигна во Истанбул во работна посета, разговарале за неодамнешните интензивирани напори насочени кон обезбедување на безбедносната состојба во Црното Море.
ПРЕПОРАЧАНО
Турскиот лидер изрази подготвеност Анкара да вложи „сите можни напори за да се отвори патот кон мирот“ во Украина.
Тој додаде дека турските компании, кои останаа во Украина и покрај војната што започна во 2022 година, ќе имаат значајна улога во обновата на земјата.
ИЗВОР:َAA






















