Хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, најостро ги осуди неодамнешните напади врз цивилни и трговски пловни објекти во Црното Море, наведувајќи дека таквите дејствија директно ја загрозуваат регионалната стабилност.
„Најостро ги осудувам нападите врз цивилни и трговски бродови во Црното Море. Таквите напади се неприфатливи и дополнително ја поткопуваат регионалната безбедност и сигурноста на пловидбата“, изјави хрватскиот министер за надворешни работи.
Тој нагласи дека Хрватска цврсто стои покрај своите сојузници и партнери во регионот, нудејќи целосна поддршка на земјите погодени од безбедносните ризици.
„Хрватска изразува целосна солидарност со Бугарија, како и со Романија и Туркије, и ја потврдува својата посветеност на слободата на пловидба и на безбедниот поморски сообраќај“, рече Грлиќ Радман.




















