Колку се должни, но и колку штедат пари македонските граѓани во банките?
Колку се должни, но и колку штедат пари македонските граѓани во банките?Вкупните кредити во домашните банки достигнаа над 8,54 милијарди евра. Од тој износ, 4,3 милијарди евра е долг на граѓаните, а 4,2 милијарди евра е задолжувањето преку кредити на компаниите.
Колку штедиме, а колку должиме? / TRT Balkan

Колку штедиме, а колку сме должни?

Официјалните податоци на Народната банка покажуваат дека во јули годинава има годишен раст од 13 проценти и на кредитите и на депозитите во земјава.

Народната банка соопшти дека зголемувањето кај депозитите во поголем дел се должи на растот во секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, а кај вкупните кредити поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.

Вкупните кредити во домашните банки во јули достигнаа над 8,54 милијарди евра. 

Граѓаните се задолжени со вкупно 4,3 милијарди евра, а речиси исто толку 4,2 милијарди е задолжувањето преку кредити на компаниите.

Во јули 2025 година има годишен раст од 13% и на кредитите и на депозитите. Вкупните кредити во домашните банки достигнаа над 8,54 милијарди евра. Од тој износ, 4,3 милијарди евра е долг на граѓаните, а 4,2 милијарди евра е задолжувањето преку кредити на компаниите.



За што највеќе се задолжуваат граѓаните?


Од 4,3 милијарди евра долг кај комерцијалните банки, 2,21 милијарда евра отпаѓаат на потрошувачките кредити, 1,66 милијарди евра на станбени кредити, 6,7 милиони евра на автомобилски кредити, 140 милиони евра на кредитни картички, а на негативните салда на сметки 105 милиони евра.

Во јули, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории - потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од еден процент, соодветно, при годишно зголемување од 9,8 проценти и 15,3 проценти соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,8 проценти на месечна основа, а на годишна основа забележаа пад од еден процент. Кредитите одобрени на кредитните картички се непроменети на месечно ниво, додека на годишно ниво оствариле пад за 7,4 проценти. Во јули, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,8 проценти и 0,7 проценти во споредба со претходниот месец, соодветно, додека на годишна основа се пониски за 4,9 проценти и 9,2 проценти, соодветно. 

Од друга страна, и покрај зголемените трошоци за живот и тешката економска состојба македонските граѓани имаат навика и да штедат. 

Колку изнесуваат заштедите?

Официјалната статистика вели дека заштедите на граѓаните во банките изнесуваат 6,76 милијарди евра, додека заштедите на компаниите изнесуваат 2,87 милијарди евра.

Вкупните депозити на домаќинствата во јули годинава се повисоки за 1,1 процент на месечна основа. Тоа се должи на растот на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута, при помал раст и на останатите компоненти. Годишниот раст изнесува 13,3 проценти и како што информира централната банка е резултат на зголемените депозитни пари, долгорочните депозити во денари и во странска валута, а во помала мера и на краткорочните депозити. 

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток