| Macedonian
Шефицата на ЕЦБ изрази скептицизам во врска со дигиталната валута деноминирана во евро
Лагард рече дека доказите во полза на стабилните монети деноминирани во евра се многу послаби отколку што изгледаат бидејќи се под притисок од инвеститорите за време на пазарните превирања и ја ослабуваат способноста на Европската централна банка
Шефицата на ЕЦБ изрази скептицизам во врска со дигиталната валута деноминирана во евро
Ако сакаме да ја зајакнеме меѓународната привлечност на еврото, дигиталните валути не се најефикасниот начин, нагласи Лагард / Reuters

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во петокот изрази скептицизам во врска со потребата од дигитални валути деноминирани во евра, предупредувајќи дека стабилна монета- стејлбкоин (Stablecoin) поврзана со еврото би можела да ја наруши работата на ЕЦБ и да ги влоши потенцијалните финансиски превирања.

Голем број големи банки од еврозоната, вклучувајќи ја и Сосиете Женерал, веќе некое време работат на создавање крипто-средство поврзано со еврото, обидувајќи се да се пробијат на пазарот доминиран од американскиот долар, во потег за кој некои велат дека би можел да ја зголеми привлечноста на единствената европска валута.

Но Лагард рече дека доказите во полза на стабилните монети деноминирани во евра се „многу послаби отколку што изгледаат“ бидејќи таквите валути се предмет на притисок од инвеститорите за време на пазарните превирања и ја ослабуваат способноста на ЕЦБ да стигне до секој агол од економијата со своите одлуки за каматните стапки.

„Овие компромиси ги надминуваат краткорочните придобивки што стејблкоин деноминиран во евра би можел да ги донее за условите за финансирање и меѓународниот дострел“, рече шефицата на ЕЦБ во говор во Шпанија.

„Ако сакаме да ја зајакнеме меѓународната привлечност на еврото, дигиталните валути не се најефикасниот начин за постигнување на оваа цел“, нагласи Лагард.

Таа го наведе падот на вредноста на УСД Коин (USD Coin) за време на колапсот на Силикон Валеј Банка како пример за ризик, истакнувајќи дека истражувањето на ЕЦБ покажало дека размената на депозити во големи размери за дигитални валути може да го ослаби кредитирањето на компаниите и преносот на монетарната политика.

Токенизирани депозити во комерцијални банки

Лагард ги гледа токенизираните депозити во комерцијални банки како подобра опција, за кои верува дека се побезбедни од стабилните монети, но можат да се пренесат и преку блокчејн.

Со овие коментари, Лагард зазеде став спротивен на Европската комисија и владите на земјите-членки, вклучително и француската влада, кои ја гледаат стабилната монета деноминирана во евра како алатка за зајакнување на меѓународниот статус на еврото.

Според европските регулативи, издавачите на стабилни монети мора да чуваат најмалку 30 проценти од своите резерви на средства во банкарски депозити, додека остатокот мора да се состои од нискоризични и високоликвидни финансиски инструменти, како што се државни обврзници.

Во интервју за Ројтерс оваа недела, членот на одборот на Бундесбанк, Мајкл Терер, рече дека токенизираните депозити и стабилните монети се подеднакво „клучни“, признавајќи ги ризиците поврзани со дигиталната валута.

Повеќе
Муцунски на средба со висока делегација на ЕУ: Остануваме кредибилен и конструктивен партнер
Турските одбранбени компании потпишаа договори за извоз вредни 8 милијарди долари на САХА 2026
Турската бизнис група ја повикува Европа да го оживее членството на Туркије во ЕУ
Гаши на регионална конференција: Демографските предизвици бараат долгорочни политики
Бугарија доби нова влада, Радев најави соработка со опозицијата
Трговскиот суд на САД ги прогласи за незаконски тарифите на Трамп
Курти бара од ЕУ на Косово да му додели статус на кандидат
Рубио ги објави новите американски санкции против Куба
Убиен болничар во израелски напад во јужен Либан
Лидерите на Југоисточна Азија повикуваат на единство и решителност за Блискиот Исток
Кошта: ЕУ се подготвува за потенцијални преговори со Путин
САД потврди дека го нападнале Иран по нападот врз американските воени бродови
Првичните резултати на локалните избори во Англија покажуваат водство на „Реформ УК” на Најџел Фараж
Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговски договор со САД
Иран испукал ракети врз американската морнарица по напад врз ирански танкер