Турските компании потпишаа договори за извоз во вредност од речиси 8 милијарди долари во текот на првите три дена од Меѓународниот саем за одбрана и воздухопловство СAХA 2026, изјави во петокот претседателот на СAХA Истанбул, Халук Бајрактар.
„Искрено им честитам на сите наши членови на СAХA Истанбул кои го изградија ова гордо достигнување“, рече Бајрактар на X.
„На СAХA 2026, како земја, постигнавме историски рекорд“, додаде тој.
Турските компании ги претставуваат своите најнови најсовремени производи на САХA 2026, што се одржува од 5 до 9 мај во изложбениот центар во Истанбул. Настанот е организиран од најголемиот кластер на одбранбена, воздухопловна и вселенска индустрија во Туркије и Европа, а Анадолу е негов глобален комуникациски партнер.
Турската компанија Тусас Енџин Индустирс- ТЕИ (Tusas Engine Industries ) ја проширува својата улога во глобалниот синџир на снабдување во авијацијата, истовремено забрзувајќи ги напорите за развој на домашните капацитети за мотори, изјави нејзиниот извршен директор.
Во разговор за Анадолу, Махмут Фарук Аксит рече дека TEИ има двојна улога во авијациската индустрија: производство на критични технологии за мотори за Туркије и поддршка на меѓународните програми за авијациски мотори преку производство на делови и модули.
„Една од нашите главни активности е производството на делови и модули.“
Тој рече дека извозот на TEИ постојано расте.
„Минатата година, извозот ни беше близу половина милијарда долари, а сите овие делови се користат во повеќе од 50 различни програми за мотори“, рече тој.













