| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски на средба со висока делегација на ЕУ: Остануваме кредибилен и конструктивен партнер
Претставниците на Европската служба за надворешно дејствување информираа и за можни поголеми проекти со регионален карактер, кои би биле финансирани во рамки на буџетот на Европскиот мировен инструмент за 2027 година
Муцунски на средба со висока делегација на ЕУ: Остануваме кредибилен и конструктивен партнер
Муцунски на средбата ја реафирмирал нашата силна ориентација кон европската интеграција како стратешки приоритет на државата / Others

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС), во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија.

Според соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата беше поздравен редовниот политички дијалог воспоставен во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во 2024 година. Вториот состанок во рамки на ова Партнерство, одржан во април 2026 година во Брисел, претставува значаен чекор кон преточување на заедничките политички заложби во конкретни приоритети за соработка.

„Разменивме мислења за тековните дискусии меѓу земјите членки на ЕУ во рамки на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ), особено во однос на подготовката на Стратешките насоки за 2027 година. Ја реафирмирав нашата посветеност како кредибилен и конструктивен партнер на Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика, како и силната ориентација кон европската интеграција како стратешки приоритет на државата“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.

Воедно, беа разменети мислења за тековните дискусии меѓу земјите членки на ЕУ во рамки на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ), особено во однос на подготовката на Стратегиските насоки за 2027 година.

Притоа беше нагласено дека се очекува зголемување на поддршката за земјите од регионот, како и развој на проекти кои, покрај билатералната компонента, ќе имаат и регионална димензија.

Претставниците на ЕЕАС информираа и за можни поголеми проекти со регионален карактер, кои би биле финансирани во рамки на буџетот на Европскиот мировен инструмент за 2027 година.

Повеќе
Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
Србија започна со имплементација на СЕПА системот
Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази
Вучиќ: Трамп, Путин и јас ќе се сретнеме со кинескиот претседател Си
Јанша на чекор од коалициски договор за формирање на новата словенечка влада
ЕУ ги суспендираше парите од Планот за раст кон Србија поради застој во судските реформи
Вучиќ: Србија ќе се противи на влезот на Косово во НАТО
Во Скопје се одржа протест по повод Меѓународниот ден на трудот
Марта Кос: Црна Гора би можела да биде следна членка на ЕУ, а потоа следи Албанија
Стапката на сиромаштија во Словенија меѓу најниските во ЕУ
Муцунски од Загреб: Европа мора да направи исчекор кон проширување
Средба Грлиќ Радман – Муцунски: Загреб ја потврди поддршката за европскиот пат на Скопје
Предвремени парламентарни избори на Косово на 7 јуни
Вучиќ: Активирањето на новиот суперкомпјутер во Државниот центар за податоци-историски момент
Собранието изгласа укинување на техничката влада
Словенија: Изгласани измени на законот за влада, на повидок нова владина коалиција
Србија и Чешка најавија зајакнување на соработката во многу области
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“
Силјановска Давкова- Пармелан: Швајцарија е еден од нашите најголеми донатори
Народен правобранител: Евидентирани 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца за пет години